Три работи што треба да ги правите секоја недела за вашиот дом да биде секогаш чист
Речиси никогаш немаме време да чистиме, но постојат три работи што треба да ги направите секоја недела, за сè да ви биде полесно.
Се разбира,чистењето ќе зависи и од времето што го имате на располагање, како и семејната состојба.
Луѓето кои живеат сами не мора да чистат толку често како некој што има, на пример, три деца.
Ова се три неделни задачи што ќе ви го олеснат чистењето:
1. Чистење со правосмукалка
Чистењето со правосмукалка на неделна основа спречува создавање прашина, која, пак, може да предизвика алергии и респираторни проблеми.
Не заборавајте да ги исчистите теписите и подовите, и да поминете низ сите делови од домот.
2. Чистење прашина
Акумулираната прашина во вашиот дом може да доведе до проблеми со дишењето. Затоа е важно да се брише прашина еднаш неделно.
Можете да користите дополнителни приклучоци за правосмукалки и добра крпа од микрофибер.
Не заборавајте да ги избришете ѕидните облоги и тешко достапните места.
3. Важни места
Некои области во вашиот дом се исклучително важни за редовно чистење. Па, еднаш во неделата најдете време да ги исчистите ходникот, бањата, шпоретот, мијалникот, работниот простор во кујната, корпата за ѓубре, микробрановата печка (внатре и надвор) и полиците со книги.
Притоа, важно е еднаш неделно да ја смените постелнината, а од фрижидерот да ја исфрлите расипаната храна.
Ашера | Црнобело