Навлаки, продукти за убавина – Предмети што е корисно да ги чувате во фрижидер
Храната не е единственото нешто што може и треба да се чува во фрижидер.
Всушност, фрижидерот е одлично место за складирање на многу предмети и продукти, од различни причини.
Погледнете ги 8-те предмети, покрај храната, што некогаш е корисно да ги чувате во фрижидер:
Навлаки за перници
Ова е одличен трик за кога ќе дојдат жешките летни ноќи. Можете да ја ставите навлаката во пластична кеса и така да ја ставите во фрижидер.
Вечерта пред да си легнете извадете ја, и сигурно ќе ви помогне да се разладите.
Козметика
Некои продукти за убавина, како лак за нокти, пудра или кармин, можете да ги чувате во фрижидер. На овој начин ќе им го продолжите животот.
Маслата во продуктите, пак, нема да се стопат и некои продукти ќе станат и полесни за нанесување.
Моливче за очи и усни
Ако постојано ви се поткршува моливчето за очи или усни, тогаш чувајте го во фрижидер.
На овој начин тоа ќе биде поцврсто, а со тоа и поиздржливо.
Крема за очи
Ако ја изладите кремата за очи, ќе ја зголемите нејзината ефикасност.
Студената крема не само што ќе ја намали видливоста на темните кругови под очите, туку ќе ги намали и отоците и црвенилото.