12 причини зошто не треба секојдневно да го чистите домот
Една анкета покажала дека 94% од луѓето ширум светот, веруваат дека хигиената во домот е многу важна.
Анкетата покажала и дека жителите на Русија се луѓето кои чистат најмногу. Но, изгледа дека нема потреба да минувате часови неделно чистејќи го домот.
Всушност, науката покажала дека во некои случаи, не треба да го чистите домот секој ден, а повеќето работи доволно е да ги чистите само еднаш неделно.
Погледнете зошто:
Пеглањето е штетно за некои материјали
1. Пеглањето на постелнината троши многу време, а научниците велат дека нема потреба да го правите тоа.
Чаршафите и навлаките за перници кои се испеглани, не ја впиваат влагата многу добро. Причината е што пеглањето ја менува структурата на нивниот материјал.
Перењето ги разлабавува влакната, а пеглањето го прави спротивното. Па, нема да спиете исто добро ако ја пеглате постелнината.
2. Некои луѓе ги пеглаат и нивните крпи, но нема потреба ни од ова.
Ако ги пеглате крпите за да ги уништите бактериите, тогаш доволно е само да ги исперете на висока температура. Истовремено, се препорачува да не користите омекнувач, бидејќи им ја намалува способноста за апсорбирање на крпите.
3. Многу луѓе не се сигурни дали треба да ги пеглаат бебешките алишта на висока температура.
Пеглањето можеби ќе ги уништи бактериите од детската облека, но на бебето не му е потребна и таа стерилизација. Добро е да ја пеглате бебешката облека првите неколку месеци, но потоа нема потреба.
Темелното чистење може да биде штетно за здравјето
4. Ако постојано правите генералка, не само што трошите енергија, туку го загрозувате и здравјето, особено на вашето дете.
Причината е што некои микроорганизми се клучни за зајакнување на имунитетот, па не би требало постојано да ги уништувате.
Покрај тоа, науката покажала дека честото користење на хемиски средства, го зголемува ризикот од разни алергии.
5. Нема потреба секогаш да користите хемиско средство. Пред да купите средство за чистење или детергент, проверете дали ја има состојката триклосан. Оваа состојка е забранета во многу држави, поради ризикот од хормонални нарушувања.
6. Многу луѓе се убедени дека тоалетот е највалканото нешто во домот. Но, ова не е вистина.
Доволно е темелно да го чистите тоалетот само еднаш неделно. Почесто треба да ги чистите чешмите и лавабото во кујната.
7. Ако постојано го чистите станот и ги миете садовите, може да ви се појави дерматитис. Оваа иритација на кожата е предизвикана од разните хемикалии во средствата за чистење.
Поретко чистете ги работите што бараат многу енергија
8. Неудобните положби во кои стоите при чистење, можат да предизвикаат многу проблеми, особено со крвниот притисок.
9. Ако досега сте го чистеле подот клекнати на колена, престанете со тоа. Ова може да ви предизвика проблеми со зглобовите.
10. Ако имате проблеми со видот, не би требало да го чистите подот клекнати на колена. Лекарите сметаат дека луѓето со кратковидост не треба да прават работи кои бараат наведнување кон напред. Во спротивно, можат да си направат проблеми со очите.
Поделете ги обврските
11. Ако живеете со партнер, поделете ги домашните обврски.
Истражувањата покажуваат дека мажите сè уште чистат поретко од жените, па не плашете се да побарате помош од партнерот. Не треба само вие да го средувате нередот што го правите и двајцата.
12. Најдобро е да избегнувате мисли за чистење после работа. Кога ќе заврши работниот ден, веќе сте под стрес, а помислата за чистење на домот дополнително ви го зголемува крвниот притисок.
Па кога ќе се вратите од работа, оставете ги играчките на децата на подот. Дозволете си да се релаксирате и расположението дефинитивно ќе ви се подобри.
Спирова С. | Црнобело