Направете сами: Eколошко универзално средство за чистење на домот

Многумина се сомневаат во ефикасноста на домашно направените средства за хигиена. Сепак, не само што е возможно сами да направите темелен чистач за вашиот дом, туку тоа може да го сторите на економичен, еколошки и забавен начин.

Napravete-sami-ekoloshko-univerzalno-sredstvo-za-chistenje-na-domot-01.jpg

Со ова универзално средство може да чистите различни површини во домот, а неговата подготовка нема да ви одземе повеќе од 5 минути.

Важно е да се напомене дека во случај на употреба врз дрвени површини, препорачливо е да се користи исклучиво за лакирано дрво.

Состојки:

  •  1/2 шолја бел оцет со 9% алкохол
  • 1 лажица боракс
  • 1 лажица хидроген 3%
  • 2 чаши топла вода
  • исцеден сок од 1 лимон
  • гранче рузмарин (по избор)
  • есенцијално масло (по избор)

Подготовка:

Во длабок сад се става 1 лажица боракс, се полева со двете чаши топла вода и се меша додека да се раствори. Потоа, се додаваат хидрогенот, оцетот и сокот од лимон, повторно се меша, а на крај се додава есенцијалното масло.

Целата смеса се претура во шише со прскалка, во кое може претходно да ставите гранче рузмарин и средството е подготвено за употреба.

 За состојките:

  • Боракс е природен минерал, во форма на прашок кој можете да го најдете во аптеките, по цена од околу 40 денари. Тој дејствува како дезинфекциско средство и отстранува маснотии.
  • Хидрогенот исто така може да се најде во аптека, по цена од околу 30 денари. Не се препорачува да се користи хидроген со повеќе од 3%. Тој е силно антибактериско средство, убива салмонела, дезинфицира и остава сјај на површините.
  • Оцетот и лимонот поради големото ниво на киселост веднаш ги убиваат бактериите.
  • Есенцијалните масла се концентрати од различни растенија кои имаат антибактериско дејство и испуштаат пријатна миризба.

А.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
Зошто, колку често и како правилно да го исчистите тостерот? Трошките и другите остатоци со текот на времето може да се насоберат во тостерот...
Чести грешки со кои сами ги уништуваме апаратите во домот Ставате многу прашок во машината за перење и не ја истурате водата од пеглата ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg