Работи и места во домот што заборавате да ги исчистите, а не треба
Завеса во тоалет
На завесата во тоалетот се собираат остатоци од шампони и нечистотии, па не заборавајте да ја исчистите.
Картичките во вашиот паричник
Вашите картички ги употребувате речиси секој ден, без воопшто да помислите колку пати ги допирате. Поради тоа, добро би било да ги чистите и нив.
Клучеви
Исто како картичките, и клучевите се користат секојдневно. За да ги исчистите и заштитите од ’рѓа, потопете ги во раствор од лимон и сол, а потоа исплакнете ги со средство за садови.
Корпи за ѓубре
Бидејќи целиот ваш отпад завршува во корпите, не треба да заборавите да ги чистите и нив.
Кваки
Дали некогаш сте се сетиле да ги избришете кваките во домот? Ова се можеби најдопираните предмети во вашиот дом, па одвреме-навреме чистете ги.
Површина под тепихот
Можеби редовно го чистите вашиот тепих, но понекогаш треба да исчистите и под него. Барем еднаш месечно тргајте го тепихот и темелно исчистете го подот.
Кујнски уреди
Микробранови, тостери, апарати за кафе… ова се уреди што ги користите редовно и што треба да ги чистите барем два пати месечно.
Играчки
Играчките на вашите деца се совршено тло за бактерии. Кога ќе ги чистите играчките, можете да го замолите вашето дете да ви помогне.
Шишиња за вода
Доколку имате шише за вода, важно е да го чистите секој ден.
Спирова С. | Црнобело