Работи и места во домот што заборавате да ги исчистите, а не треба
Чистењето е активност што не му се допаѓа на никој, па сите се обидуваме да ја направиме што е можно пократка. Понекогаш, ова вклучува и прескокнување на некои предмети во домот, кои сепак би требало да ги исчистите.
Дури и ако сакате темелно да го чистите домот, голема е веројатноста да заборавите да ги исчистите овие работи.
Што не треба да прескокнувате кога чистите?
Фрижидер
Фрлете ја целата расипана храна и добро исчистете ја внатрешноста на фрижидерот. Фиоките можете да ги ставите во топла вода, а потоа да ги исчистите со средство за миење садови.
Перници
Не е доволно да ги перете само навлаките, одвреме-навреме треба и перниците. Едноставно, следете го упатството на нивната етикета.
Рамки на прозорци
Иако можеби редовно ги чистите прозорците, веројатно заборавате на рамките. За ова можете да употребите малку оцет, а тешко достапните места исчистете ги со чепкалка за уши.
Фиоки и висечки елементи во кујна
Барем два пати месечно, испразнете ги фиоките и висечките елементи во кујната и темелно исчистете ги.
Маси и столчиња во дворот и на терасата
И мебелот што се наоѓа надвор од домот треба да го чистите одвреме-навреме. Најдоброто - доволно е да го чистите само пред да започне сезоната.
Гаража
Покрај чистењето, важно е и да ја организирате вашата гаража. Ќе се изненадите колку непотребни работи сте собрале со текот на времето.