Влага, чување непотребни предмети: Знаци дека вашиот дом е нездраво место за живеење
Погрешно бришете прашина
Метењето и бришењето прашина еднаш неделно не е доволно. Колку повеќе ја оставате прашината да се наталожи, толку повеќе сте изложени на штети честички.
Кога бришете прашина, најдобро е да користите влажна крпа. Чистењето со сува крпа само ќе ја разлета прашината.
Ги игнорирате олуците
Доколку вашите олуци претекуваат, тоа е само уште една причина за создавање влага во домот.
Доколку олуците на вашата куќа не се покриени, не заборавајте да ги чистите редовно.
Не ја чистите спалната темелно
Иако можеби метите со правосмукалка и бришете прашина, потребно е да ги помрднете креветот, бирото и другиот мебел во собата за добро да ја исчистите.
Исто така, не заборавајте редовно да ја менувате постелнината – на една до две недели.
Душекот превртувајте го на секои неколку месеци, а кога ќе го правите тоа, исчистете го и со правосмукалка.
Носите чевли во домот
Не заборавајте дека со вашите чевли влегувате и во јавни тоалети, па сигурно не сакате содржината од таму да заврши во вашиот дом.
На чевлите можат да се наоѓаат над 400.000 бактерии, вклучувајќи ја и ешерихија коли, па најдобро е да ги оставите чевлите пред врата.
Опкружени сте со „проблематични“ растенија
Можно е во вашиот дом да влегуваат алергени од надворешните растенија кои предизвикуваат течење на носот, солзење на очите, кивање и тешкотии со дишењето.
Чувате премногу предмети
Можеби сакате многу перници, списанија и украси, но важно е да знаете дека овие предмети само собираат прашина.
Доколку не планирате постојано да ги чистите предметите што ги имате, ослободете се од оние што не ви се потребни. Најдобро е да го чувате само она што ви е навистина потребно.
Му дозволувате на миленичето да спие во вашиот кревет
Можеби вашето куче ви е најдобриот пријател, но доколку излегува надвор, со него ќе внесе секакви нечистотии.
Доколку сепак сакате кучето да спие со вас, добро исчистете го пред да му дозволите да се качи на креветот.
Спирова С. | Црнобело