Влага, чување непотребни предмети: Знаци дека вашиот дом е нездраво место за живеење
Можеби сакате да го одложувате бришењето прашина, му дозволувате на кучето да спие во вашиот кревет и не преземате ништо за влагата во тоалетот.
Но, овие навидум невини пропусти можат да го направат вашиот дом нездрава средина за живеење. Погледнете кога е време да преземете нешто.
Во домот има премногу влага
Иако влагата е нормална појава во секој дом, не треба да ја има премногу.
Причината е што мувлата вирее навистина добро во влажна околина, па доколку во домот има влага, речиси сигурно ќе се појави мувла.
Проблемот со мулата е што може да го иритира грлото, да предизвика кашлање и кивање, иритација на очите и во некои случаи, иритација на кожата.
Чистите без ХЕПА филтер на правосмукалката
ХЕПА (HEPA: high-efficiency particulate air) филтрите за правосмукалки го спречуваат разнесувањето на ситните честички прашина од правосмукалката.
Овие честички го загадуваат воздухот, а добро познат факт е дека лошиот воздух ја влошува состојбата на алергиите и астмата. Па, добро би било да инвестирате во ваков филтер.
Заборавате да го смените филтерот на правосмукалката
Доколку користите филтер за правосмукалка, важно е да го менувате на секои 6 месеци или кога ќе забележите дека е истрошен.
На овој начин филтрирањето на честичките ќе биде поефикасно, но и ќе ѝ го продолжите животот на правосмукалката.
Не ги чистите вентилите во домот
Доколку во домот имате систем за вентилација, важно е да ги чистите и вентилите.
На овие вентили се собираат тони прашина и честички кои потоа се разнесуваат низ вашиот дом. Доколку не можете да ги исчистите самите, секогаш можете да побарате помош од професионалец.
Немате добра вентилација во тоалетот
Доколку имате прозорец во тоалетот, најдобро е да го држите отворен додека се бањате. Истото важи и ако имате само вентилација – секогаш вклучувајте го вентилаторот.
Вишокот влага во тоалетот може да ги оштети ѕидовите и, како што веќе напоменавме, да предизвика појава на мувла.
Употребувате погрешни средства за чистење
Кога ги нанесувате средствата за чистење низ разните површини од домот, вие ги вдишувате.
Но хемикалиите во најупотребуваните средства за чистење се штетни за дишните патишта и белите дробови. Поради тоа, носете заштитна маска додека чистите со хемиски средства.