Како да отстраните лак за нокти од тепих? (видео)
Колку пати досега домашниот маникир или педикир завршил со капка лак за нокти на тепихот? Ви треба само еден едноставен трик за да се ослободите од несаканите последици.
Без многу паника и стрес, ви помагаме со едно едноставно видео како да го исчистите тепихот кој мислевте дека засекогаш е уништен.
Прво, важно е дамката да ја исчистите што побрзо можете откако ќе биде направено. Колку повеќе се суши лакот за тепихот, толку постапката е потешка.
Прво, натопете ја дамката со ладна вода.
Испрскајте поголема количина на лак за коса, па потурете со чист алкохол.
Користејќи мала честка или стара четка за заби, тријте ја дамката од лак неколку минути.
Нанесете отстранувач на лак за нокти без ацетон и продолжете да триете со четкичката.
Нежно пребришете со чиста крпа.
Деталното објаснување ќе го најдете во видеото:
М. Д. | Црнобело