За прелив за салата, со варено овошје - за што може да го искористите остатокот од виното?
Што да направите со малку вино што ви останало на дното на шишето, а не сакате да го допиете? Не го фрлајте, бидејќи можете да го искористите на многу начини.
Ова се 6 начини како да ги искористите остатоците од виното. За некои можеби сте слушнале, некои можеби сте ги испробале, но сигурни сме дека некои од нив ќе ве изненадат.
1. Направете вински оцет
Во едно шише ставете го остатокот од црното вино да стои неколку недели. Не го затворајте шишето, а од време на време мешајте го виното. Без додатоци, виното ќе стане оцет по неколку недели.
2. Додаток во супи и чорби
За да додадете специјален шмек на пилешката или говедската супа, односно чорба, додадете малку бело вино. Во супа од домати додадете малку црвено вино.
Со додавање на половина чаша вино во вашата супа ќе добиете потполно нов и подобар вкус.
3. Варено овошје
Ако немате време за десерт, во црното вино, во кое треба да додадете шеќер, ставете јаболко, круша, праска или слива и сварете ги заедно. Потребно е овошјето да стои околу 10 минути во овој сок. Декорирајте го овошјето со шлаг и сервирајте.
4. Направете совршен омлет
Кога ќе подготвувате омлет, додадете каков било вид на бело вино во јајцата (една лажица за две јајца). Измешајте ги јајцата и истурете ги во жешко масло. Ќе добиете совршен омлет.
5. Замрзнете ги остатоците од виното
Замрзнете го остатокот од виното. Подоцна можете да го користите како додаток во храна.
6. Направете прелив за салата
Измешајте бело вино, сирење, маслиново масло, кромид, сенф и малку шеќер и ќе добиете совршен прелив за салата.
Ашера | Црнобело