Мириси кои ќе ги држат комарците подалеку од вас ова лето
Во летниот период сите сакаат да се ослободат од здодевните комарци, а одредени мириси имаат моќ да ги натераат да избегаат од вас.
Комарците имаат моќ да ги уништат и најубавите одмори, седенки на тераса, дружби на отворено, како и мирниот сон.
Доколку сакате ова лето да уживате без нивниот досаден звук и чешањето како последица од каснувањето, следниве совети ќе ви помогнат.
Комарците бегаат од одредени мириси кои им пречат, а вие може да ги користите како освежувач и заштита од нив:
Ванила во прав
Измешајте ванила во прав со бебешки лосион во сооднос 1:10 и нанесете го на сите изложени делови од вашето тело.
Може да измешате и ванила со вода и да ја прскате мешавината по вашето тело од шише со спреј.
Есенцијални масла од анасон, каранфилче, босилек, еукалиптус
Овие есенцијални масла имаат моќ да ги исплашат комарците, па може да се намачкате со 5-10 капки или да ги ставите во сад врз специјална свеќа.
Бозел
Во просторијата во која поминувате поголем дел од денот или пак на терасата, ставете во корпа гранчиња бозел, а мирисот ќе ги одбива комарците.
Сепак, бидете внимателни бидејќи пресилниот мирис може да ви го наруши сонот, па избегнувајте да го ставате навечер во спална.
Каранфилче
Измешајте 5 g каранфилче во чаша вода и ставете ја мешавината да се вари 15 минути. Потоа измешајте 10 капки од таа мешавина со 1 лажица колонска вода и нанесете на изложените делови од телото.
Со ова решение комарците нема да ви се приближат барем 2 часа.
Камилица
Камилицата е стар природен лек против комарци. Исушете ги ливчињата, дршките и ливчињата, а потоа издробете ги додека не се претворат во прав, што влијае директно врз нервниот систем на инсектите. Исто така, може да ставите и куп од камилица на повеќе места низ домот.
Листови од босилек
Исечкајте свежи листови и цветови од босилек и ставете ги како декорација во просторијата или истријте ги на изложените места од телото.
Мешавина од масло, шампон и оцет
Измешајте ги во еднаков сооднос маслото за готвење, шампонот и оцет од 9% и мешајте додека не се појави бела пена.
Мешавината ставете ја во шише и прскајте ја на телото или пак, оставете ја во сад на отворено.
Оцетот ги брка инсектите, шампонот го прикрива силниот мирис, додека маслото е база на секој крем.
М. М. | Црнобело