11 лекции кои треба да ги научите пред да се селите во нов дом
Анализирајте го просторот во новиот дом
Освен што треба да измерите кои делови од мебелот ги собира во новиот дом, треба да знаете и кои делови точно каде ќе одат. Не само мебелот, туку и сите останати работи.
Кога веќе се селите во нов дом, направете добра организација уште од почеток и најдете им место на сите работи однапред, за полесно да може да ги средите откако ќе ги пренесете, наместо со денови да стојат во кутии.
Книгите одат во мали кутии
Можеби ви е полесно да земете голема кутија и да ја наполните со сите книги од домашната библиотека, но доколку го направите тоа, кутијата ќе тежи многу повеќе и ќе биде покомплицирано и ризично за носење, а не сакате да ви се расфрлаат сите книги некаде по пат...
Исто така, бидете сигурни дека дното е доволно цврсто, бидејќи книгите се прилично тешки.
Како да бидете сигурни дека стаклените предмети ќе стигнат безбедно
Неопходно е добро да ги заштитите стаклените садови, бидејќи тоа се најризични предмети за пренесување.
Прво, пакувајте ги во помали кутии за да бидат полесни за пренесување и да не можат да паднат, но и да не се удираат премногу едни од други.
Ѕидовите и внатрешноста на кутијата обложете ги со фолија со балончиња, а замотајте ја во неа или во весник и секоја чаша, чинија и шолја посебно.
Иако одзема време, подобро да изгубите малку повеќе време, отколку пари ако останете без нив.
Пакувањето облека е најлесно
Освен што може да се изгужва, не може посебно да ја уништите облеката при пакување, па на неа ќе потрошите најмалку време.
Најпрактично е да ги здиплите добро парчињата облека и да ги замотате во ќебе или подебел чаршаф, но потрудете се добро да го заврзете за да не испаднат.
Така ќе може да ги ставате врз кутиите и нема да зафаќаат многу место, ќе бидат полесни и потоа може веднаш да ги закачите и наредите во шкафот во новиот дом.
Набљудувајте како се однесуваат со вашиот мебел
Независно дали ќе најмите компанија или ќе замолите пријатели да ви го пренесат мебелот, не оставајте сè сами да прават.
Пратете ги постојано и грижете се за секој детаљ. Не дозволувајте мебелот да заврши оштетен заради нивна невнимателност.
M. M. | Црнобело