11 лекции кои треба да ги научите пред да се селите во нов дом
Преселувањето од еден во друг дом не е воопшто лесно, па затоа треба да ги слушаме советите од оние кои менувале повеќе од 2 живеалишта.
Иако одзема многу време и енергија, сепак, доколку добро се организирате, постои начин едноставно да поминете низ целиот овој процес.
Ако знаете што ќе спакувате, а што ќе фрлите, како да се спакувате и како безбедно да ги пренесете работите, сè ќе помине во најдобар ред.
Според искусни луѓе кои често се преселувале, ова се неколку лекции кои треба да ги научите:
Дајте си време колку што ви треба
Не го потценувајте времето кое е потребно за подготовка пред селење и имајте предвид дека треба да си го спакувате целиот живот.
Минимум 1 месец ви е потребен за да ставите сè во ред, да почнете да гледате што имате, што ќе зачувате и малку по малку да почнете да пакувате и организирате.
Споредете ги цените на различни компании за селење
Доколку немате возило со кое може да ги пренесете работите и се одлучите на компанија за селење, добро истражете го пазарот и понудата и најдете ја онаа која има најповолни цени и добри критики.
Научете повеќе за светот во кутитја
Најлесно е да користите кутии во кои ќе ги спакувате повеќето работи, па кога ќе купувате имајте предвид дека постојат различни големини и облици. Пред да купите повеќе од секој вид, размислете прво дали ќе ви бидат корисни и за што, колку лесно ќе може да спакувате нешто во нив и направете добар план колку кутии ќе ви бидат потребни и за што точно ќе ги употребите.
Подарете или продадете сè што не ви е потребно
Низ годините, многумина чуваат работи кои не ги користат, но немаат срце да ги фрлат. И тоа е лесно сè додека не треба да се преселите, па веројатно нема да сакате буквално секоја ситница повторно да си ја носите со вас.
Треба да влезете во новиот дом организирано и да не го наполните уште од почеток со глупости. Направете добра селекција и водете се по следното правило – ако нешто не сте користеле повеќе од 6 месеци, веројатно не ви е потребно, па може да го фрлите, продадете или подарите, зависно што е.
Селектирајте и направете листа од работите што ќе ги зачувате
Во исто време додека го скенирате и анализирате домот и ги вреднувате сите работи кои ги поседувате, може веднаш да почнете да правите селекција и на лист да запишете што ќе зачувате.
Така, кога ќе почнете да се пакувате, ќе може полесно да направите ред и организација, а не само да фрлате и трупате работи во кутиите.
Исто така, може да ставате броеви на кутиите и на секој список да ја ставате бројката на кутијата во која сте ги спакувале тие работи – така ќе знаете што каде се наоѓа и полесно ќе се снајдете во случај да ги изгубите.
Трик за добро затворање на кутиите
Со цел да не ви биде страв да ги подигнете откако ќе ги наполните, треба да знаете правилно да ги затворите, односно залепите.
За полесните кутии, доволно е да формирате буква „H“ на основата со трака за лепење. За потешките кутии, врз дорбираната буква „Н“, треба да залепите и трака во форма на буквата „X“ одозгора.
Фотографијата ќе ви помогне полесно да го разберете процесот на лепење: