Знаевте дека хулахопките ќе ви траат подолго ако ги ставите еднаш во замрзнувач?

Ако во вашиот замрзнувач може да се најде само храна и остатоци од храна, може да заклучиме дека многу пропуштате.

6 genijalni upotrebi na zamrznuvacot sto nemaat vrska so hrana 01

Замрзнувачот има многу намени на кои воопшто не би помислиле, а всушност ќе ви бидат од корист. 

За каква цел може да го користите замрзнувачот?

Свеќите да траат подолго

Ставете ги свеќите во замрзнувач еден ден пред да ги употребите за да ви траат двојно повеќе. Ладењето на восокот ќе придонесе да горат побавно, а кај некои свеќи дури ќе го спречи и капнувањето восок.

6 genijalni upotrebi na zamrznuvacot sto nemaat vrska so hrana 02

„Исперете“ ги фармерките 

Нема гаранција дека тексасот нема да се собере или да избледе откако ќе го исперете. Затоа, кога ќе почувствувате дека вашите омилени фармерки почнале да мирисаат непријатно, ставете ги во платнена вреќичка и оставете ги во замрзнувачот преку ноќ.

Ниската температура ќе ги уништи бактериите што предизвикуваат лош мирис.

6 genijalni upotrebi na zamrznuvacot sto nemaat vrska so hrana 03

Дезинфицирајте ги дрвените антиквитети

Сигурно дома имате барем еден дрвен предмет кој сакате да го употребувате секојдневно, но се грижите дека има многу бактерии по површината бидејќи го купивте во чаршиската антикварница.

Решението можеби бара малку повеќе време, но е прилично едноставно - ставете го предметот во замрзнувач неколку недели, за да ги уништите термитите и нивните јајца.

6 genijalni upotrebi na zamrznuvacot sto nemaat vrska so hrana 04

Чувајте семиња

Ако сакате да зачувате семиња за следната сезона, ставете ги во замрзнувачот. Претходно само проверете дали се комплетно суви и добро затворете ја ќесичката во која ќе ги чувате.

6 genijalni upotrebi na zamrznuvacot sto nemaat vrska so hrana 05

Продолжете им го животниот век на хулахопките

Обично не траат долго и се уништуваат по неколку носења, но постои начин да заштедите и да им го продолжите животниот век. Навлажнете нов пар хулахопки, исцедете ги добро и ставете ги во ќесе за замрзнување.

Оставете ги во замрзнувачот преку ноќ - ладното ќе ги зацврсти конците, ќе ги заштити од брзо кинење и ќе им го продолжи животниот век.

Следниот ден извадете ги од замрзнувачот и оставете ги на собна температура. Ова треба да го направите само еднаш за секој нов пар.

6 genijalni upotrebi na zamrznuvacot sto nemaat vrska so hrana 06

Отстранете прашина од парчињата облека

Здодевната прашина што ви се лепи на гардеробата лесно може да стане минато. Таа не преживува на ниски температури. Носените парчиња облека ставете ги во големи ќеси и оставете ги преку ноќ во замрзнувачот.

Потоа исперете ги и уживајте во нивниот нов, свеж изглед.

6 genijalni upotrebi na zamrznuvacot sto nemaat vrska so hrana 07

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg