12 работи во домот кои научно докажано ве прават среќни
Фотографија од детството или подарок од сакана личност се предмети со сентиментална вредност кои ќе ве направат среќни.
Верувале или не, постојат предмети во домот кои може да ве направат среќни.
Научниците се согласни дека ако сакате да сте добро расположени, во домот треба да имате:
Жолти или зелени ѕидови
Овие ведри бои ќе ви ја дадат потребната доза ведрина кога сте тажни.
Предмети со сентиментална вредност
Некоја фотографија, предмет од детството, подарок од некоја сакана личност се дел од оние работи кои позитивно ви влијаат и ви будат убави спомени.
Зона за вежбање
Катче каде што ќе вежбате е задолжително за подобрување на расположението, дури и да станува збор само за јога душек или пилатес топка и тегчиња.
Свежо цвеќе
Поттикнува чувство на задоволство, а со среќа најмногу се поврзуваат јоргованот и розите.
Мачки и кучиња
Со миленичиња во домот нема да се чувствувате социјално изолирани и ќе чувствувате емоционална поддршка.
Дневник на благодарност
Овој дневник ќе ви помогне да се чувствувате подобро за својот живот и начинот на кој го водите. На овој начин ќе минувате помалку време на Фејсбук и Инстаграм.