Лек за главоболка, спас од комарци, штедење бензин: 10 трикови за полесно секојдневие
Секојдневниот живот е полн со препреки и најразлични компликации. Сепак, благодарение на одредени генијалци, постојат многу трикови кои го олеснуваат секојдневното функционирање.
10 интересни трикови за олеснување на секојдневието:
Лек за главоболка
Направете сок од 3 листови нане, половина краставица, половина лимон и една чашa вода.
Како до полесен сон?
Доколку 15 минути седите целосно мирни без да мрднете, вашето тело ќе се „изгаси“ и ќе заспиете.
Стоп за болните прсти
Употребете штипка за алишта при ковањето на шајки, за да избегнете непосакувани удари врз вашите прсти.
Стоп за истекувањето вода
Доколку сакате да не ви претече водата која сте ја оставиле да зоврие, оставете дрвена лажица врз тенџерето.
Заштедете на бензин
Наполнете го вашиот резервоар или доцна навечер, или рано наутро. Бензинот се шири и собира за 1% за секоја промена на температурата од 15 степени. Рано наутро и доцна навечер вообичаено температурата е пониска, што значи добивка од повеќе волумени по денар.