8 неочекувани начини да им дадете нов изглед на старите работи
Ако забележите дека нешто од вашите омилени предмети или работи кои ги поседувате, почнува да се уништува, не паничете.
За повеќето од нив постои начин да им се врати изгледот на ново, иако не ви личи дека е возможно.
Не ви се потребни никакви посебни вештини за тоа, само неколку намирници кои ги имате дома.
Погледнете како да го вратите оригиналниот изгледа на старите и уништени работи:
Мајонез за дрвени површини
Со помош на мајонез може да ги исчистите белите дамки кои со тек на време се појавуваат на дрвените површини.
Протријте на површината врз дамките и избришете со крпа додека мебелот целосно не се исчисти.
Паста за заби за очила
За да го подобрите изгледот на стаклата на очилата може да користите обична паста за заби без гранули.
Нанесете на стаклото, разнесете со крпче или марамче, а потоа измијте го остатокот паста.
Сенф за бакар
Можете да искористите обичен сенф за да го вратите сјајот на предметите направени од бакар. Нанесете на нешто како бразлетна или слично и оставете неколку минути, а потоа избришете со крпа.
Мајонез за отстранување налепници
За полесно да ги извадите налепниците, намачкајте ја површината со мајонез и оставете 15-30 минути, а потоа бришете со крпа за да се отстранат лепенките.
Бебешка пудра за телефон
Искористете бебешка пудра за да ги елиминирате гребаниците од екранот. Направете паста од пудра и малку вода, нанесете ја на екранот и чистете со крпа или марамче. Потоа отстранете ги остатоците од пастата.
Лак за нокти за стакло
Прво измијте го стаклото, а потоа земете безбоен лак за нокти и нанесете на гребаниците. Почекајте еден час, а потоа натопете памук со ацетон и избришете ги гребаниците.
Кромид за чистење кожа
Исечете кромид на пола и тријте на оштетената кожена површина, а потоа со меко крпче избришете.
Лак за коса за дамки
Дамките на облеката направени од козметички производи може да се исчистат со лак за коса, да се избришат со влажна марамица или да се исперат обично.
Доколку се одлучите за првиот метод, испрскајте од лакот на четка за заби и чистете ја извалканата површина.
М. М. | Црнобело