Ситуации во кои евтината кујнска сол се покажала како корисна

Солта е состојка без која не можеме да си ги замислиме ручеците, но покрај тоа, има и многу други корисни намени.

tajni-trikovi-za-upotreba-na-solta-koi-mozhe-da-vi-bidat-potrebni-vo-domakjinstvoto-01.jpg

Во секојдневието, солта може да најде голема примена, посебно во домаќинството.

Па така, со неа може полесно да ги исчистите масните тави или пак дамките од даските на кои сте подготвувале храна.

Погледнете неколку трикови со сол кои не сте ги знаеле, а може да ви бидат корисни:

Отстранете ги маснотиите од тавите за готвење

Земете една чаша сол и истурете на масната површина, а потоа со обична крпа избришете ги сите валкани места темелно, додека не се исчистат. На крај исплакнете како вообичаено.

tajni-trikovi-za-upotreba-na-solta-koi-mozhe-da-vi-bidat-potrebni-vo-domakjinstvoto02.jpg

Отстранете дамки и стара нечистотија од дрвените даски

Посипете сол врз дрвената површина и поминете одозгора со половина лимон. Оставете дрвото да ја впие мешавината и потоа исплакнете со вода.

tajni-trikovi-za-upotreba-na-solta-koi-mozhe-da-vi-bidat-potrebni-vo-domakjinstvoto-03.jpg

Исчистете ја вазната на пожолтените делови

Остатокот жолто-зеленикава боја од цвеќињата на вазните, лесно може да го исчистите со сол.

Направете солена вода и истурете ја во вазната, протресете добро, а потоа исплакнете со многу вода и сапун.

tajni-trikovi-za-upotreba-na-solta-koi-mozhe-da-vi-bidat-potrebni-vo-domakjinstvoto-04.jpg

Направете си домашен пилинг

Измешајте сол и маслиново масло во сооднос 1:2 и нанесете на кожата со кружни движења.

Претходно може да го загреете малку маслото, а на крај исплакнете го лицето и нанесете крема за навлажнување.

tajni-trikovi-za-upotreba-na-solta-koi-mozhe-da-vi-bidat-potrebni-vo-domakjinstvoto-05.jpg

Уште трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
10 корисни трикови што сигурно ќе ви се најдат низ домот Како да ги закачите кошулите по перење за да не ви се истуткаат и како правилно ...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg