8 нечисти предмети во домот + трикови за да ги „убиете“ бактериите на нив
Кредитни картички
Слично како и парите и картичките се многу нечисти. Ѝ ги подавате на касиерката, ги ставате на шалтер, ги ставате во банкомати итн.
Мора од време на време да ги бришете со средства за дезинфекција.
Четки и сунѓерчиња за шминкање
Овие работи знаете дека треба да ги користите само вие, но дури и да го почитувате тоа правило, повторно треба да се грижите за нивната хигиена. На нив има маснотии, мртва клетки од кожа и бактерии кои ви предизвикуваат воспаленија.
Четките еднаш во седмицата чистете ги од мешавина на топла вода со бебешки шампон и маслиново масло. Внимателно исплакнете ги потоа.
Сунѓерчиња и четки за миење садови
Тие се креирани за да се справат со нечистотиите од садовите, но токму на нив се собираат најмногу бактерии.
За да ги уништите бактериите, ставете ги сунѓерчињата и четките една минута во микробрановата печка. Исто така, можете да ги чистите со мешавина од оцет и детергент.
Спортски додатоци
Да спортувате дома е одлично, но не заборавајте дека на јога душекот се собираат бактерии. Тој ја апсорбира потта, а по вежбањето уморни само го фрлате во ќошот.
Натопете една крпа во вода со сапун или детергент и добро истријте го душекот. Потоа, изнесете го надвор за да се исуши.
С. С. | Црнобело