Кои делови и предмети во домот покрај бањата најмногу „вријат“ од бактерии?

Нечистотијата и борбата со прашината во домот за многумина е дел од секојдневниот живот. Нормално, најголем дел од нив се кријат токму во бањата и тоалетот поради сосема логични причини.

Koi-predmeti-i-delovi-vo-domot-vrijat-od-bakterii-01.jpg

Но, скриените бактерии се исто така вгнездени на места каде што не ги очекуваме.

Истражувањата покажуваат дека покрај најочекуваните места како што се корпите за отпадоци или тоалетот, нечистотиите во домот се присутни и онаму што најмалку претпоставувате.

Кујната е една од најфреквентно користените места во домаќинството, а причината не е само поради подготовката на храна, туку затоа што во неа најчесто е лоцирана кантата за отпадоци, како и мијалникот.

Кујната (без исклучок) треба да се чисти секојдневно, а работните површини да се пребришуваат темелно после секоја подготовка на храната.

Садоперот е главното место каде што се развиваат бактериите поради остатоците од храната и константната влага.

Сунѓерчето за рачно миење садови е еден од предметите со најмногу бактерии во вашиот дом.

Тие лесно се прилепуваат на него и уште полесно се размножуваат бидејќи најчесто го чуваме на темно место, а бидејќи е постојано влажно претставува рај за бактериите.

Внимавајте да го менувате почесто и да се обидете да го држите на што е можно посуво место.

Втората „оаза“ пак за бактерии и нечистотии е машината за миење садови. Потребно е редовно да ја чистите и одржувате со специјални средства за оваа намена.

Колку пати дневно влегувате во ходникот од надвор и автоматски без размислување ја вклучувате светилката? Секако, доаѓате директно од работа, прошетка или возење во јавниот превоз и нималку не ви доаѓа на памет колку бактерии прилепувате на кваката и на прекинувачот за светилката.

Тие се првите две места каде што ги носите бактериите однадвор, па најдобро е да ги пребришувате темелно барем еднаш во неделата.

Паметните телефони, тастатурите како и далечинските управувачи за телевизорите се предмети кои „вријат“ од бактерии, а причината е иста како и кај бравите, рачките и прекинувачите.

Секојдневно ги користиме овие предмети без да размислуваме премногу за нивната хигиена и одржување, ретко ги чистиме, иако е потребно да им се посвети особено внимание. Чистете ги со специјални четки, средства и антибактериски марамчиња.

Листата на предмети и места со најмногу бактерии во домот не може да се заокружи без бањата.

Но, кој е највалканиот предмет во тоалетот?

Верувале или не, тоа се четкичките за заби. Токму затоа потребна е редовна промена на истите, односно еднаш месечно.

Сите електронски уреди привлекуваат прашина, и ќе забележите дека таа особено се собира околу каблите. Антистатичките спрејови може прилично многу да ви ја олеснат вашата работа при бришењето на истите.

Истражувањата воедно покажуваат дека креветите во кои спиеме се исто така многу валкани и полни бактерии.

Единствениот начин да се ублажи ситуацијата е редовно да се проветруваат душеците и уште поредовно да се менува постелнината, односно 2 пати неделно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ситници поради кои бањата ви изгледа хаотично (а гостите ги забележуваат) Валкан сад за сапун, луфа закачена на чешмата и стара подлога на подот – кои сит...
Чести грешки кои имаат влијание врз хигиената во бањата Ја чувате луфата во туш кабината или на кадата, крпите ги складирате во бањата и...
Каква енергија „ви зрачи“ нередот во секој дел од домот - Неуредниот ходник носи расправии и сиромаш... Зошто е неопходно да го исчистите ходникот од старите чевли и чадори, а зошто не...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
9 работи кои ја нагрдуваат бањата (и гостите секогаш ги забележуваат) Ви се случило ли да влезете во бањата (своја или туѓа) и да не сакате да останет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg