Кожените чизми се поправаат со лак за нокти: Трикови кои го продолжуваат животот на облеката
11. Деликатните чипкани парчиња облека перете ги исклучиво во навлака за перница, никако директно во машина.
12. За патентот да не се откопчува, закачете на него еден прстен од приврзок и зацврстете го врз копчето откако ќе закопчете.
13. Собраните џемпери потопете ги во раствор од 1 лажица бебешки шампон или регенератор и вода. Ова ќе им помогне на влакната да се омекнат. Поставете го џемперот на мек пешкир, не го вртете за да го исцедите. Полека тегнете ги ракавите до должината која сакате да ја постигнете и внимателно сушете на рамна подлога.
14. Пред да ги облечете хулахопките, пропрскајте ги со лак за коса. Така ги намалувате шансите за кинење.
15. Влакната од темната облека најлесно се чистат со чисто сунѓерче за шминкање.
16. Палтата од превртена кожа најубаво се освежуваат со четкање со четка за заби.
17. Грутките од џемперите исто така лесно се вадат со камен за пилинг.
18. Омекнете ги џемперите така што ќе ги потопите во вода во која ќе ставите неколку лажички оцет и малку регенератор за коса.
19. Старите навлаки за перници искористете ги за да ги заштитите капутите од прашина.
20. Како да направите сами закачалки со штипки за облеката да не се растегнува:
21. Избегнувајте ги трагите од штипките на закачалките така што над материјалот ќе ставите подебела хартија.
М. Д. | Црнобело