Кожените чизми се поправаат со лак за нокти: Трикови кои го продолжуваат животот на облеката

Менувањето на годишното време значи комплетно менување на облеката во гардероберот.

kozhenite-cizmi-se-popravaat-so-lak-za-nokti-trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-001.jpg

И токму кога се израдувавте дека конечно ќе си го облечете омилениот џемпер, сфаќате дека малку се поткинал. И дека патентот на јакната се заглавил. И темните зимски фармерки избледеле.

Искористете ги овие трикови за да им го продолжите животот на есенските и зимски парчиња облека, без да навлегувате во непотребни трошоци:

1. Заглавениот патент ќе го поправите ако го „подмачкате“ со мрсна боичка.

trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-01.jpg

2. Превртете ги фармерките наопаку пред да ги перете. Така избегнувате оштетување и избледување.

trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-02.png

3. Исто така, добро би било да ги закопчете за да не дојде до закачување со другите материјали.

trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-03.png

4. Дупнатиот ѓон привремено поправете го со тоа што ќе залепите парче гума за велосипед.

trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-04.jpg

5. Пчелиниот восок или проѕирниот лак за нокти е одличен начин да ги скриете гребаниците на кожените чевли.

trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-05.jpg

6. За да го спречите избледувањето на темните ткаенини и фармерки, ставете малку оцет и сол, покрај прашокот за перење.

trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-06.jpg

7. Топчињата од џемперите исчистете ги со леплива велкро лента.

trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-07.jpg

8. Ако немате самолеплива ролна за чистење на џемперите и капутите, користете дебела лента селотејп.

trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-08.png

9. За да немате „ушиња“ од закачалката на џемперите, диплете ги вака:

trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-09.jpg

10. Чизмите наполнете ги со хартија за да им ја вратите формата, откако со месеци стоеле спакувани и стуткани.

trikovi-koi-go-prodolzuvaat-zivotot-na-oblekata-10.jpg

Советите продолжуваат на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
10 корисни трикови што сигурно ќе ви се најдат низ домот Како да ги закачите кошулите по перење за да не ви се истуткаат и како правилно ...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg