4 трикови со кои свеќите ќе ви траат подолго
Свеќите се украс во домот кој има и естетска, и практична намена. Различните бои и ароми на свеќите го разубавуваат амбиентот во домот, а пламенот од свеќите докажано го подобрува расположението и го смирува умот.
Ако сте љубители на свеќи, сигурно дома имате неколку омилени кои сакате што подолго да ви траат.
За да го постигнете тоа, следете ги овие 4 совети:
Кога за првпат ќе ја запалите свеќата, оставете ја подолго да гори
На овој начин горниот дел од восокот целосно ќе се стопи за да може свеќата да ја користите повеќепати во иднина.
Не ја палете свеќата во ладен простор
Уште еден начин за свеќата да гори подолго е ако ја палите во не многу ладна просторија бидејќи нема брзо да се истроши.
Потсекувајте го фитилот
Потсекувањето на фитилот е важен чекор за долготрајноста на свеќата. Колку е подолг фитилот, толку свеќата ќе гори побрзо. Доволно е да потсечете само неколку милиметри од фитилот.
Чистете го свеќникот редовно
Без разлика дали свеќникот е направен од дрво, стакло или некој друг материјал, на него се собира прашина и восок што ќе падне од свеќата. Затоа треба редовно да го чистите со влажно памукче.
М. В. | Црнобело