Како чешмата да не капе, како храната да е рамномерно топла: Трикови за секоја ситуација

Малите трикчиња и совети се вистинско богатство кое не знаете кога ќе ви затреба.

kako-cesmata-da-ne-kape-kako-hranata-da-e-ramnomerno-topla-trikovi-za-sekoja-situacija-01.jpg

Затоа собравме неколку трикови за секоја ситуација и пригода, па благодарение на нив животов ќе ви биде барем малку полесен.

За да откриете од која страна прозорецот ви е недоволно исчистен, надворешната страна чистете ја хоризонтално, а внатрешната вертикално.

kako-cesmata-da-ne-kape-kako-hranata-da-e-ramnomerno-topla-trikovi-za-sekoja-situacija-02.jpg

За да им помогнете на гостите кои првпат доаѓаат, сликнете им ја вашата куќа и пратете им ја. Така полесно ќе се снајдат.

kako-cesmata-da-ne-kape-kako-hranata-da-e-ramnomerno-topla-trikovi-za-sekoja-situacija-03.jpg

Пред да ја чистите тастатурата копче по копче, не заборавајте да ја сликнете и неа. Потоа многу полесно ќе ја составите.

kako-cesmata-da-ne-kape-kako-hranata-da-e-ramnomerno-topla-trikovi-za-sekoja-situacija-04.jpg

За да извадите мала количина кечап од големо шише, користете цевка. Ставете ја цевката во шишето, затнете го горниот дел со прст и потоа испуштете врз јадењето.

kako-cesmata-da-ne-kape-kako-hranata-da-e-ramnomerno-topla-trikovi-za-sekoja-situacija-05.jpg

Ако слушате или читате, информациите полесно ќе ги запаметите ако џвакате мастика. Кога ќе сакате да се сетите на она што сте го слушнале или прочитале, земете мастика со ист вкус.

kako-cesmata-da-ne-kape-kako-hranata-da-e-ramnomerno-topla-trikovi-za-sekoja-situacija-06.jpg

Било која храна полесно ќе се загрее доколку ја распоредите кон крајот на чинијата или садот, односно во средишниот дел направите празен круг.

kako-cesmata-da-ne-kape-kako-hranata-da-e-ramnomerno-topla-trikovi-za-sekoja-situacija-07.jpg

Ако сакате лакот за нокти да се суши побрзо, ставете го 15-20 минути во фрижидер пред да го нанесете.

kako-cesmata-da-ne-kape-kako-hranata-da-e-ramnomerno-topla-trikovi-za-sekoja-situacija-08.jpg

Чешмата никогаш повеќе нема да ве нервира и да капе ако за неа врзете врвка или подебел конец. Така водата ќе се слева по него.

kako-cesmata-da-ne-kape-kako-hranata-da-e-ramnomerno-topla-trikovi-za-sekoja-situacija-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
9 работи на кои не обрнувате внимание во продавница, а се корисни за домот Додаток за чешма за поубаво распрскување на водата, вакуум ќеси за складирање об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg