Идеи како да ги користите обичните работи на необичен начин
Опкружени сме со илјадници предмети и средства за кои знаеме само една до две намени. Освен тие, сметаме дека се бескорисни.
Подгответе се за неколку откритија кои ќе ви го олеснат секојдневието:
Капа за туширање
Може да го покриете седиштето од велосипедот кога врне.
Може да ја покриете половината од лубеницата која ја оставате за подоцна.
Може да ги покриете тркалцата од детската количка за да не извалкате сè низ дома.
Може и да ги спакувате чевлите во неа и облеката да ви остане чиста.
Мицеларна вода
Може да ги избелите платнените патики. Натопете ги со мицеларна вода, почекајте неколку часа, па потоа исплакнете ги.
Може да ги отстраните флеките од кармин, пудра или сенка за очи, ако со памукче прво ги пребришете со мицеларна вода, па потоа ги исперете.