Како да ги отстраните влакната од милениците кои се разнесуваат низ целиот дом?

Домашните миленичиња ни го збогатуваат животот, ни носат бескрајна радост и секогаш се расположени за умилкување.

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-001.jpg

Но, тие имаат еден недостаток што сите кои имаат миленици добро го знаат.

Нивните влакна, без разлика дали се долги или кратки, секогаш успеваат да се разнесат низ целиот дом, па дури и во најмалите ќошиња.

Затоа, ние ви нудиме 10 начини на кои ќе го одржувате домот чист, свеж и што е најважно - без влакна. 

1. Редовно чешлање (вашиот миленик ќе ви биде благодарен)

Доколку не знаете од каде да почнете да се справувате со влакната на вaшиот миленик, најдобар начин е да започнете од него. Редовното чешлање ќе ви помогне многу.

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-02_copy.jpg

2. Гумените ракавици делуваат како магнет за влакната на вашиот миленик

Заборавете на ролните со лепливи траки. Едноставно земете влажна гумена ракавица и пребришете ја било која површина, исплакнете и поминете повторно доколку има потреба.

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-03.jpg

3. Средството за чистење мебел е од голема корист

Отстранете ги влакната на вашиот миленик од дрвениот мебел со помош на мека крпа и средство за чистење мебел. Тоа ја прави површината лизгава и влакната ќе се лизгаат полесно само со едно поминување.

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-04.jpg

4. Усовршете ја техниката на чистење со правосмукалка

За максимален ефект, користете ја техниката на вкрстено чистење, за да бидете сигурни дека се извадиле и влакната кои биле залепени на влакната од тепихот.

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-05.jpg

5. Направете го чистењето забавно и за децата

Набавете им на децата микрофибер влечки или чорапи, па додека се лизгаат низ домот, воедно и ќе го чистат подот од влакна.

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-06.jpg

6. Направете домашно средство за чистење

За совршени резултати, направете спреј за брзо и лесно чистење. Потребни ви се 3 лажички сода бикарбона, ¾ шолја сок од лимон, масло од чајно дрво и сето тоа измешајте го со вода.

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-07.jpg

7. Правилно одбирајте го подот

Одберете природно тврдо дрво, ламинат или паркет.

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-08.jpg

8. Каменот за нега на стапала има и друга корист

Искористете го каменот така што ќе поминете нежно врз чергичките и малите теписи и ќе бидете изненадени од тоа колку може да ви помогне во отстранување на влакната. 

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-09.jpg

 9. Редовно перење

Менувајте ја постелнината на вашиот миленик исто толку често, колку што ја менувате и вашата, со цел да спречите натрупување на влакната и расфрлување низ домот.

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-10.jpg

10. Бидете секогаш подготвени

Чувајте ги палтата на закачалки во ходникот и имајте мало валјаче веднаш до влезната врата, за неочекувани кризи во последен момент, бидејќи милениците многу често знаат да се излежуваат на вашето палто во погрешен момент. 

kako-da-gi-otstranite-vlaknata-na-milenicite-od-celiot-dom-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg