15 едноставни трикови за чистење со кои вашиот дом ќе блеска
8. Не заборавајте дека машината за перење треба да ја чистите на секои 3 месеци. Лимонската киселина може да ги отстрани нечистотиите и бигорот акумулирани во внатрешноста. Ставете 60 g цеден лимон во делот за детергент за перење и пушете ја на програма со највисока температура.
9. Дури и најмрсните шпорети може да ги исчистите со лимонов сок и парчиња лимон. Полејте со сок од лимон и поминете ја површината со парчињата лимон. Почекајте 15 минути и избришете со влажна крпа.
10. Друг трик за чистење на мрсната површина на шпоретите е гумата за бришење. Овој трик често го користат професионалните служби за чистење.
11. Оцетот ќе ви помогне да ја зачувате рерната како нова. Нанесете оцет на површината од рерната со помош на сунѓер. Затворете ја рерната и почекајте неколку часа. Потоа исчистете ги помалите дамки со влажна крпа, а земете четка за поотпорните. На крајот убаво исчистете ја со вода.
12. Ако сакате да се ослободите од лошиот мирис на душекот за спиење, нанесете сода бикарбона, почекајте половина час и соберете ја содата бикарбона со правосмукалка.
13. Една лажица глицерин во литар ладна вода ќе ви помогне да ги отстраните дамките од кафе, какао или чај од вашиот тепих.
14. Наједноставен начин за чистење на свежите дамки од мастило од ткаенините е со помош на млеко.
15. Измешајте 1 лажичка сол во чаша вода и лесно отстранете ги мрсните траги од ткаенините.
М. С. | Црнобело