15 едноставни трикови за чистење со кои вашиот дом ќе блеска
За повеќето од нас чистењето е најдосадната задача и најголемата казна на светот.
Но, да бидеме искрени повеќето од нас, исто така, почнуваат со оваа задача кога ќе сфатат дека нема веќе чисти чинии, а секоја соба личи на бојно поле покриено со нечистотија.
Чистењето не секогаш е напорно и тешко треба само да ги знаете вистинските трикови. А токму тие ги споделуваме во продолжение:
1. Старата завеса во бањата може да изгледа како нова доколку ги исчистите сите делови со раствор од хидроген пероксид и вода во сооднос 1:1.
2. За да ја исчистите четката за заби и да ги убиете сите бактерии, оставете ја да отстои во оцет еден час. Потоа темелно измијте ја под млаз вода.
3. Сунѓерите за бањање потопете ги во раствор од оцет и жешка вода во сооднос 1:1 и оставете ги да стојат 1 час. Потоа убаво измијте ги со чиста вода и исушете ги.
4. Хидроген пероксидот ќе ви помогне да ги исчистите наслагите на кадата. Ставете го во шише со распрскувач и нанесете врз кадата, почекајте половина час и исплакнете со топла вода.
5. Лесно ќе го исчистите мијалникот доколку го испрскате со сода бикарбона, почекате неколку минути и потоа ставите оцет. Потоа нежно исчистете со четка или сунѓер и исплакнете со топла вода.
6. Фугите меѓу плочките ќе ги исчистите најдобро ако ги протриете со восочна свеќа неколку пати. Тоа ќе ги исчисти и заштити од појава на влага и нечистотија.
7. Додадете 15g лимон во чаша топла вода и избришете ги плочките на подот или во бањата со овој раствор. Исплакнете со чиста вода и вашите плочки ќе светнат како нови.
Уште 8 трикови на следната страна...