Предмети во кујната што ги користите погрешно (и неефикасно)
Рачка на тенџере
Ако на рачката на тенџерето има дупка за закачување, можете да ја искористите како држач за лажица додека готвите.
Капак од блендер
На некои блендери, делот што се става во дупката на капакот може да послужи и за мерење состојки.
Тостер
Двете светилки на тостерот се ставени со причина.
Кога свети црвената светилка, тоа значи дека тостерот е вклучен и се загрева.
Кога ќе светне зелената, тоа значи дека е загреан и можете да го ставите тостот.
Алуминиумска фолија
Иако не е многу очигледно, алуминиумската фолија има две страни - една посјајна и една која е малку мат.
Кога печете со алуминиумска фолија, важно е страната која е мат да биде однадвор, за храната да се испече подобро.
Спирова С. | Црнобело