Скорпиите во 2017-та година ќе бидат одлучни дека работите треба да се одвиваат онака како што замислиле, а ако не е така, тогаш однадвор ќе се насмевнуваат, а од внатре ќе „вријат“, сè додека не го решат проблемот. Хороскопот вели дека во оваа година ве очекуваат многу задоволства, посебно поврзани со кариерата.