Совети и техники кои ќе ви помогнат да се смирите среде паничен напад, според психолози

Фокусирајте се на вашето опкружување, контролирајте го дишењето и не плашете се да побарате помош од професионалец – Како да се смирите среде паничен напад, но и што можете да направите за да го избегнете во иднина?

soveti-i-tehniki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-smirite-srede-panichen-napad-spored-psiholozi-01.jpg

Паничните напади не се опасни по живот, но симптомите што ги предизвикуваат можат да ве натераат да мислите дека умирате, особено ако не сте ги искусиле претходно.

Најчестите симптоми вклучуваат многу изразено чувство на страв, забрзано чукање на срцето, потење, тресење, отежнато дишење, гадење, главоболка, па дури и сомневање во реалноста.

Кога првпат ќе доживеат паничен напад, многу луѓе се плашат дека ќе се повтори, особено на јавно место, како состанок.

За жал, паничните напади стануваат мошне честа појава и ако се соочувате со нив, важно е да знаете како можете да си помогнете.

За Daily Mail, психолозите Иан Стенли, Карен Лин Кесиди и Керолин Рубенстајн споделуваат техники кои ќе ви помогнат да се смирите додека имате паничен напад.

soveti-i-tehniki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-smirite-srede-panichen-napad-spored-psiholozi-08.jpg

Нивните совети во продолжение:

Метод 4:6

Доктор Иан Стенли, психолог од Универзитетот во Колорадо, советува да се фокусирате на дишењето.

Додека вдишувате, бројте до четири, а потоа за издишувањето бројте до шест. Дишете со овој ритам додека не почувствувате дека се релаксирате.

Психологот вели дека издишувањето треба да биде подолго бидејќи помага во релаксирањето.

„Оваа техника, на некој начин, го тренира телото да забави, а потоа да добие и физиолошки фидбек – дека заканата не е толку опасна како што паничниот напад ве тера да мислите“.

soveti-i-tehniki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-smirite-srede-panichen-napad-spored-psiholozi-02.jpg

Техника „виножито“

Доктор Керолин Рубенстајн од Флорида советува за време на паничен напад, да пробате да се фокусирате на нешто што ќе ви го одвлече вниманието од паниката.

Техниката се нарекува „виножито“ бидејќи треба да се фокусирате на предмети во вашето опкружување со боите на виножитото.

Во вашата околина побарајте три црвени, три портокалови, три жолти, зелени и сини предмети. Оваа техника е навистина корисна бидејќи ви го задржува вниманието, а нема да ви одземе многу време.

Техниката ве присилува да си ја проширите перспективата и да излезете од вашето тело на неколку минути, за да можете да се смирите“.

Доктор Керолин истакнува дека сличен ефект ќе добиете и ако си пуштите песна што ве расположува или ако ги ставите дланките во многу студена вода.

soveti-i-tehniki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-smirite-srede-panichen-napad-spored-psiholozi-03.jpg

Научете да го идентификувате паничниот напад

За некои луѓе, од голема помош може да биде и самото идентификување на паничниот напад.

Ако имате искуство со панични напади, тогаш многу добро знаете како изгледаат, па искористете го тоа во ваша корист.

На овој начин вие имате контрола, наместо да дозволите симптомите да ве контролираат. Ова е ментален трик, ве тера да размислувате логички и да не им дозволите на емоциите да ве контролираат.

Идентификувањето на паничниот напад е важно за враќањето на контролата, што може да биде од огромна помош кога чувствувате дека нештата се надвор од ваша контрола“, вели доктор Керолин Рубенстајн.

soveti-i-tehniki-koi-kje-vi-pomognat-da-se-smirite-srede-panichen-napad-spored-psiholozi-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg