Највалкани предмети во домот
Освен редовното чистење на кадите и лавабоата, поретко се чистат компјутерите, завесите, теписите и душеците. Новите истражувања покажуваат...
...дека местата и предметите за кои претпоставуваме дека се чисти, често пати се идеални за размножување на опасни бактерии и паразити.
Површното чистење на домот не е ниту приближно доволно затоа што 99% од нечистотиите се невидливи, без мирис и незабелеливи.
Научниците од "London’s Barts Hospitala" откриваат дека перниците се полни со алергени и бактерии.
После двегодишна употреба, во повеќе од 1/3 од перницата се контаминирани бактерии кои лесно предизвикуваат астма и алергии.
Истражувањето на словенечките научници покажало дека ни машината за алишта, машината за миење садови и апаратите за кафе, не се воопшто сигурни и се полни со потенцијално опасни микроби.
И покрај тоа што секој дом е полн со бактерии, дел од нив се безопасни па дури и добредојдени. Експертите предупредуваат дека стерилните услови не се добри, особено за децата, затоа што телото не може да развие добар имунолошки систем во раните години.