8 знаци дека имате високо ниво на стрес-хормони во организмот (и како да го намалите)
Дебелењето, особено во областа на лицето и стомакот, е чест симптом дека во вашето тело има повеќе кортизол – главниот стрес-хормон.
Таканаречените стрес-хормони почнуваат да се лачат кога нашето тело е изложено на стрес.
Во стресни ситуации, нашето тело бара начин да се заштити, па функцијата на овие хормони е да го овозможат тоа.
Тие го забрзуваат пулсот, ги мобилизираат изворите на енергија во случај да треба да се бориме или бегаме и, генерално го подготвуваат телото да се справи со потенцијално опасна ситуација.
Главниот стрес-хормон во нашето тело е кортизолот.
Иако го поврзуваме со стрес, кортизолот има и други важни функции во нашето тело, вклучувајќи контролирање на воспаленијата во телото, регулирање на крвниот притисок и контролирање на циклусот за спиење.
Ова значи дека кортизолот е важен за нашиот организам, но може да создаде проблеми ако го има во многу големи количества.
Иако зголеменото лачење на кортизолот и другите стрес-хормони е нормално во опасни ситуации, стресниот начин на живот го тера нашето тело да лачи кортизол и кога нема потреба од тоа.
Проблемите кои можат да настанат од големото нивото на кортизол и други стрес-хормони се навистина бројни:
- Анксиозност и депресија
- Главоболки
- Проблеми со срцето
- Проблеми со концентрацијата и меморијата
- Проблеми со дигестивниот систем
- Проблеми со спиењето
- Дебелење
Па, како да познаете дали во вашето тело има многу стрес-хормони и што да правите во врска со тоа?
Знаци дека во вашето тело има многу стрес-хормони:
Промени во тежината, најчесто дебелеење
Ако немате направено промени во исхраната и физичката активност, но сепак сте качиле некој килограм, сосема возможно е да имате многу кортизол во организмот.
Најчесто се јавува дебелеење во областа на лицето и стомакот. Притоа можете да забележите и појава на стрии на стомакот.
Пoјава на акни
Зголеменото нивото на стрес-хормоните може да го зголеми лачењето на масти на лицето. Ова, пак, честопати предизвикува акни.
Пoјава на модринки
Ако во вашето тело има преголемо ниво на кортизол подолг период, може да се појави нарушување кое има влијание врз кожата и гo прави создавањето модринки многу лесно.
Нередовни менструации
Стрес-хормоните можат да имаат влијание и врз репродуктивниот систем.
Поради ова, може да забележите нередовни менструации, а во некои случаи целосно прекинување на менструацијата.
Зголемен апетит
Многу луѓе кога се изложени на стрес имаат желба за нездрава храна. Ова е познато и како „емоционално јадење“ и е вид обид да се справиме со негативните емоции со храна.
Со текот на времето, ако не се регулира стресот, ова може да доведе и до дебелеење.
Проблеми со спиењето
Веќе спомнавме дека стрес-хормоните имаат влијание врз нашиот сон.
Ако ги има во големи количини, можат да бидат причина за разни проблеми со спиењето.
Проблеми со дигестивниот систем
Сигурно и самите имате забележано дека кога сте под стрес, имате проблеми со дигестијата на храната.
Висок крвен притисок
Иако уште не е познато како, експертите имаат утврдено дека кортизолот има улога во регулирањето на крвниот притисок.
Поради ова, ако го има во големи количини, може да го зголеми крвниот притисок.