10 промени на телото кои некогаш можат да бидат знак за здравствен проблем

Сувост во очите

Сувоста во очите обично е придружена и со други симптоми, како чешање, црвенило и зголемена чувствителност на светлина.

Сувоста може да се појави поради возраста, контактните леќи, долгото гледање во екран, па дури и временските услови.

Сепак, ако забележите дека состојбата не ви се подобрува, одете на лекар бидејќи некогаш може да постои и друга причина, како алергија, лупус, проблеми со тироидната жлезда и недостаток од некои витамини.

10-promeni-na-teloto-koi-nekogash-mozhat-da-bidat-znak-za-zdravstven-problem-07.jpg

Подуен стомак

Подуениот стомак е проблем што го искусил секој и обично не треба да ве загрижува, особено по обилен оброк или ако имате менструација.

Но ако го забележувате овој симптом речиси секојдневно, препорачливо е да проверите дали имате нетолеранција на некоја хранлива состојка, како глутен или лактоза.

10-promeni-na-teloto-koi-nekogash-mozhat-da-bidat-znak-za-zdravstven-problem-08.jpg

Необјасниви модринки

На сите ни се случило да си најдеме модринка на ногата или на раката, а да не се сеќаваме каде сме се удриле.

Сепак, ако забележувате вакви модринки многу често, можно е да се соочувате со проблем како недостаток од витамин Ц, дијабетес или тромбофилија.

10-promeni-na-teloto-koi-nekogash-mozhat-da-bidat-znak-za-zdravstven-problem-09.jpg

Постојана жед

Во лето е нормално почесто да чувствувате жед, но не и постојано.

Покрај дехидратацијата, причината за постојано чувство на жед може да биде анемија, а некогаш и дијабетес.

10-promeni-na-teloto-koi-nekogash-mozhat-da-bidat-znak-za-zdravstven-problem-10.jpg

’Рчење

Во повеќето случаи, ’рчењето е безопасно и е предизвикано од анатомијата на вашите уста и синуси. Некогаш зависи и од телесната тежина, како и склоноста кон алергии.

Сепак, во некои случаи ’рчењето е предизвикано од апнеја, па добро би било да се проверите.

10-promeni-na-teloto-koi-nekogash-mozhat-da-bidat-znak-za-zdravstven-problem-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg