10 промени на телото кои некогаш можат да бидат знак за здравствен проблем
Првутот е појава со која се соочуваат многумина, но ако никако не можете да се ослободите од него или забележите дека се влошува, одете на лекар бидејќи може да станува збор за проблем како егзема или псоријаза.
Разните промени на телото се нормална појава, а може да се предизвикани од бројни причини. Некогаш овие промени настануваат поради нашите животни навики, но некогаш можат да сигнализираат и на некој здравствен проблем.
Важно е ако ги забележите овие промени да не си поставувате сами дијагноза, туку да се консултирате со лекар.
Исто така, не значи дека овие промени во телото сигурно значат здравствен проблем, но не губите ништо ако направите проверка за секој случај.
На кои симптоми треба да обрнете внимание?
Паѓање на косата и првут
Првутот е појава со која се соочуваат многу луѓе и обично не треба да биде причина за загриженост.
Но, доколку никако не можете да се ослободите од него или забележите дека се влошува, препорачливо е да одите на лекар. Некои болести, како псоријаза или егзема, но и намалениот имунитет од разни здравствени проблеми може да предизвика појава на првут.
Паѓањето на косата е посериозен проблем од првутот, и ако го забележите консултирајте се со лекар. Во некои случаи, паѓањето на косата е наследно и се јавува по одредена возраст.
Но, некогаш паѓањето на косата може да биде предизвикано од хормонални промени, одредени лекарства, па дури и многу стрес.
Збрчкана кожа на прстите
Кога сме подолг период во вода, нормално е кожата на прстите да стане малку збрчкана. За научниците уште не е познато зошто настанува овој процес, но некои веруваат дека ни го прави поцврст зафатот под вода.
Но ако ја забележите оваа појава кога не сте во вода, можно е да станува збор за некаков проблем со здравјето, вклучувајќи проблеми со тироидната жлезда, дехидратација и проблеми со циркулацијата.
Бели дамки на јазикот
Ако не го чистите јазикот кога ги миете забите, можно е тој да ја промени бојата. Во овој случај лесно ќе го решите проблемот ако почнете да го четкате и јазикот.
Но, ако јазикот не се враќа во нормална состојба или забележувате дека ситуацијата се влошува, одете на лекар.
Белите дамки на јазикот можат да бидат предизвикани од разни здравствени проблеми како чирови и леукоплакија.
Осипи на кожата
Постојат многу причини за појава на осип и повеќето не треба да бидат причина за загриженост.
Но, ако осипот не поминува по некое време или забележите дека се влошува, тогаш консултирајте се со лекар.
Осипите можат да бидат алергиска реакција, а можат да бидат предизвикани и од псоријаза, топло време, егзема и слично.
Отечени глуждови
Отечените глуждови се проблем со кој се соочуваат многу бремени жени и во овој случај станува збор за нормална појава.
Но, глуждовите можат да отечат и од други причини, како повреда, проблеми со бубрезите, црниот дроб или срцето, или инфекција.
Некогаш глуждовите отекуваат и од лоши животни навики, вклучувајќи јадење многу солена храна, дебелина и долго седење во иста положба.