7 знаци дека вашиот психијатар е добар (и треба да го задржите)

Речениците кои психијатарот ќе ви ги каже може многу да ви помогнат во животот. Но, како да препознаете добар психијатар?

7-znaci-deka-vashiot-psihijatar-e-dobar-i-treba-da-go-zadrzhite-01.jpg

Доколку чувствувате дека менталното здравје ви е нарушено, сосема во ред е да посетите психијатар.

Речениците кои тој ќе ви ги каже може многу да ви помогнат во животот. Само едно кратко: „Дозволено ти е да имаш мислење во животот и да постапиш така како што ти ќе процениш“, ќе ви помогне многу.

Но, како да препознаете добар психијатар?

Дефинитивно нема дефиниција, но има знаци кои ќе ви помогнат во тоа.

Знаци дека вашиот психијатар е добар:

1. Ве гледа директно во очи и комплетно ви посветува внимание – не се крие позади компјутерот и вие се чувствувате видено, а тоа прави голема разлика.

7-znaci-deka-vashiot-psihijatar-e-dobar-i-treba-da-go-zadrzhite-01.jpg

2. Не чувствувате дека ве притиска и избрзува – не ги скратува закажаните термини и немате чувство како постојано да нема време да го кажете тоа што имате потреба да го кажете, едноставно ви одговара темпото со кое го води разговорот.

3. Го почитува вашето мислење и ви дава право на избор – ви дава препораки и ви кажува дека ви верува дека ќе изберете добро, ви дава потврда дека вие сте главни и дека соработувате, а не дека ви наредува што да правите или да не правите.

7-znaci-deka-vashiot-psihijatar-e-dobar-i-treba-da-go-zadrzhite-02.jpg

4. Го цени вашиот придонес и не ве обесхрабрува – ве мотивира да бидете активен учесник во третманот, не се лути ако на моменти поставувате премногу прашања, знае дека најважно е да чувствувате дека самите вие работите на подобрување на својата состојба.

5. Постои меѓусебна доверба меѓу вас двајца – ако чувствувате дека во најлошата ситуација можете да му се јавите нему, тогаш значи дека му верувате и дека чувствувате почит од негова страна и можете да сте искрени за сè со него.

7-znaci-deka-vashiot-psihijatar-e-dobar-i-treba-da-go-zadrzhite-03.jpg

6. Тој го прифаќа вашиот идентитет со траумите зад вас – ве слуша што сè имате доживеано и тоа го зема предвид при поставувањето на дијагнозата, заинтересиран е за вашето минато и за тоа што довело до вашата моментална ментална состојба.

7. Отворен е за алтернативни методи – тој предлага третман, но прифаќа и нови можности и со него немате страв да предложите како мислите дека би било во ред да се пристапи кон ситуацијата, затоа што знае дека во психијатријата постои место за самодијагноза.

Прочитајте и 30 реченици кои ми го променија животот, откако ми ги кажа психијатарот

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сите во семејството само ме критикуваат, посакувам да си заминам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Херпес на уста - Зошто се појавува и како да го третирате? Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg