„Ја изгубив ќерка ми (17) поради самоубиство – зошто зборувам јавно за тоа?“
Тогаш, на 14 април 2021 Дарси си го одзеде животот.
Деновите и седмиците по губењето на нашата ќерка беа неописливо болни.
Имаме и две постари деца, кои се отселени во други градови, и соопштувањето на веста на нив беше најужасната работа која некогаш сум требала да ја направам во животот.
Си дојдоа дома, ги донесовме сите нашите кревети во една соба и четворицата спиевме заедно. Само сакавме да бидеме заедно. Секогаш сум била заштитнички поставена кон моето семејство, а сега повеќе од кога било.
Беше шок што ја изгубивме Дарси. Многу луѓе не ни знаеја со што се бореше таа.
Многу луѓе мислеа дека тоа не може да му се случи на некој како Дарси. Тоа отвори многу разговори, затоа што самоубиството уште беше табу тема.
Јас уште се борам да ја поткренам јавната свест да се зборува отворено за ментални проблеми кај младите. Огромен е бројот на млади лица кои посегнуваат по својот живот.
Не знам од каде доаѓа мојата сила, но знам дека морам да направам сè за некоја друга личност да не посегне по својот живот и друго семејство да не страда на начинот на кој ние страдаме.
Ако со мојот напор успеам да спасам барем една личност, тогаш тоа е одлично, тоа ме држи да одам напред.
Мислам дека кога ќе ја слушнат приказната за Дарси, почнуваат двапати да размислуваат за дали да си го одземат животот, ми праќаат пораки и ми заблагодаруваат што јавно зборувам на темата.“
С. С. | Црнобело