„Ја изгубив ќерка ми (17) поради самоубиство – зошто зборувам јавно за тоа?“

„Дарси беше навистина прекрасна девојка – самоуверена, интелигентна, забавна и ведра. Беше силна личност и не беше личност за која би можеле да замислите дека се бори со менталното здравје. Но, се случи навистина брзо. За помалку од две години таа од навистина среќна, насмеана и социјална девојка отиде во друга крајност. Имаше само 17 години кога почина...“

ja-izgubiv-kjerka-mi-poradi-samoubistvo-kje-placham-sekoj-den-do-krajot-na-zhivotot-01.jpg

На 14-ти април 2021 година, 17-годишната Дарси Грејс Холинсон од Англија, си го одземала животот поради влошување на состојбата со менталното здравје.

Нејзината мајка Деби вели дека болката ја прогонува секој ден и сега таа покренува кампањи за отворено зборување со младите луѓе за менталното здравје и нагласува колку е голема важноста на овие отворени разговори.

Таа трча маратони, говори јавно и собира средства за хуманитарни организации кои имаат цел превенција на самоубиствата кај младите лица.

Деби ја раскажува својата потресна приказна за да им помогне на другите:

„Дарси беше навистина прекрасна девојка – самоуверена, интелигентна, забавна и ведра. Имаше широк круг на пријатели и тоа не само од училиште, туку од секаде.

Беше силна личност и не беше личност за која би можеле да замислите дека се бори со менталното здравје.

Но, се случи навистина брзо. За помалку од две години таа од навистина среќна, насмеана и социјална девојка отиде во друга крајност. Имаше само 17 години кога почина.

ja-izgubiv-kjerka-mi-poradi-samoubistvo-kje-placham-sekoj-den-do-krajot-na-zhivotot-06.jpg

Работите започнаа кога Дарси имаше 15 години, кога забележав дека се бори со социјална анксиозност. Зборував со нејзините наставници и тие беа подготвени да се обидат да ѝ помогнат. Но, тогаш се случи пандемијата.

Карантините многу лошо влијаеа на Дарси. Таа беше во тинејџерски години кога е потребна социјализација, момчиња и независност, а пандемијата ѝ го одзема сето тоа.

ja-izgubiv-kjerka-mi-poradi-samoubistvo-kje-placham-sekoj-den-do-krajot-na-zhivotot-02.jpg

Почна да се грижи за тоа како изгледа, почна да верува дека има прекумерна тежина и разви булимија.

Ми беше чудно што тоа ѝ се случува на мојата самоуверена ќерка. Ја погодуваа коментарите од луѓето, дури и кога беше нешто најситно и беззначајно.

Изложеноста на социјалните мрежи 24/7 и сликите како треба да изгледа совршеното тело кога сте млади може да влијаат многу и така беше и со Дарси.

Побаравме и стручна помош, но среде пандемија беше тешко да се закаже состанок лице во лице и сè се одвиваше онлајн. Имавме Зум состаноци, но навистина беше тешко да се добие психолошка поддршка на таков начин.

Во април минатата година ситуацијата навистина се влоши и Дарси имаше тешка борба. Таа се повлече и беше нерасположена.

ja-izgubiv-kjerka-mi-poradi-samoubistvo-kje-placham-sekoj-den-do-krajot-na-zhivotot-05.jpg

Јас земав отсуство од работа за да бидам со неа и да разговараме за нејзините емоции. Тука беше и мојот сопруг. Но, таа не знаеше да ни каже што е тоа што предизвикува да се чувствува толку тажно.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...
Вие прашувате, психолог одговара: „Моите родители се во поодминати години – се плашам за нивната смр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg