10 неочекувани промени што се случуваат во женското тело за време на бременост

Низ телото на мајката почнуваат да се движат матични клетки

Бремените жени и нивните бебиња се поврзани со плацентата – физичка врска преку која се пренесуваат хранливите материи.

Според истражувањата, преку оваа врска се пренесуваат и матични клетки од бебето во телото на мајката кои потоа се „сместуваат“ во разни органи како белите дробови, срцето и бубрезите.

Истражувањата покажале и дека матичните клетки нудат заштита на телото на мајката, односно го забрзуваат процесот на заздравување на ткивото, па дури и го намалуваат ризикот од рак.

Што значи, додека е во вашиот стомак, вашето дете се грижи за вашето здравје.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost-07.jpg

Киселините во текот на бременоста можно е да значат дека детето ќе се роди со коса

Постои верување дека жените кои имаат многу киселини во текот на бременоста, секогаш раѓаат деца со повеќе коса.

Ова е потврдено од мала студија, што значи потребни се уште истражувања, но според некои експерти можно е да има некаква поврзаност.

Додека според верувањето самата коса ги предизвикува киселините, експертите сметаат дека главните виновници овде се хормоните што го предизвикуваат растењето на косата.

Според некои истражувања, хормоните кои најверојатно се одговорни за растот на косата на бебето имаат влијание врз дигестивниот систем на жената и предизвикуваат киселини.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost-08.jpg

Ослабени зглобови

Кај бремените жени може да се јави ослабување на зглобовите, како и болка во нив.

Причината за ова е хормонот релаксин кој ги „разлабавува“ зглобовите.

Овој хормон се лачи за време на бременоста и може да предизвика болки во зглобовите и чувство на слабост.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost009.jpg

Погуста и поздрава коса

Покрај многуте непријатни симптоми што ги предизвикуваат хормоните во текот на бременоста, има и некои промени што сигурно ќе ви се допаднат.

Хормоналните промени можат да ја направат косата погуста и поздрава, а повеќето жени го забележуваат ова околу 15-тата недела од бременоста.

Интересно е што влакната на косата не стануваат подебели, туку паѓаат поретко отколку вообичаено. Па, на вашата глава има повеќе влакна, односно косата станува погуста.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost-10.jpg

Промени во гласот

Поради задржувањето на водата и другите процеси што се одвиваат во телото, жените имаат отоци на многу делови од телото за време на бременоста.

Овие отоци се јавуваат дури и кај гласните жици, поради што можат да настанат промени во гласот.

Односно, жените имаат малку понизок глас од вообичаено додека се бремени.

ponizok-glas-pogusta-kosa-neochekuvani-promeni-shto-se-sluchuvaat-vo-zhenskoto-telo-za-vreme-na-bremenost-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg