Брчките над десната веѓа се показатели на токсини – каде вие ги имате најмногу и што зборуваат за вашето здравје?

Брчките се едни од најголемите непријатели на жените. И покрај сите естетски процедури, некои од нив е невозможно целосно да се отстранат. Сепак, местото каде што се најмногу застапени зборува многу за нашето физичко и ментално здравје.

Brckite-nad-desnata-vegja-se-pokazateli-na-toksini-01.jpg

Доколку ве интересира што говорат вашите брчки на лицето, ова се одговорите:

Хоризонтални брчки на челото

Овие брчки се јавуваат кај луѓе кои често пати се нервозни и кои секојдневно се под огромен стрес. Покрај тоа, тие можат да бидат резултат на намален внес на вода и прекумерна употреба на шеќер.

Брчки над левата веѓа

Брчките во оваа област се директно поврзани со слезината. Ако ги забележите во навистина голем број, задолжително консултирајте се со вашиот доктор.

Брчки над десната веѓа

Овие брчки се показатели за нивото на токсини во организмот. Доколку нешто не е во ред со црниот дроб, тоа јасно ќе се види во оваа област. За да го решите овој проблем, преминете на органска диета која вклучува зелен зеленчук и обидете се да отстраните силните зачини од вашата исхрана. Исто така, не консумирајте премногу протеини и обидете се да ја намалите количината на сол.

Брчки на челото, веднаш над носот

Брчките во оваа област можат да бидат знак дека страдате од алергии, но исто така можат да бидат показатели на прекумерен стрес. Покрај тоа, овие брчки може да бидат поврзани и со намалено либидо.

Длабоки брчки околу очите

Овој тип на брчки се појавуваат кај луѓе кои често се смеат, односно со други зборови, имаат позитивен став кон животот. Сепак, не е сè толку едноставно. Ваквите брчки на кожата исто така можат да бидат знак на оштетување на видот и замор на очите. Брчките околу очите се поврзани и со работата на некои внатрешни органи, особено со црниот дроб, бубрезите и стомакот.

Имајте предвид дека брчките со текот на годините и староста се сосема нормална и природна појава. Но, доколку ви се премногу изразени во помладите години, добро е да се консултирате со стручно лице.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg