Како да се справите или целосно да ја избегнете појавата на проширени вени во нозете?
Внесувајте повеќе флавоноиди
Флавоноидите ја подобруваат циркулацијата на крвта, па можат да ви бидат од помош ако имате проблеми со проширени вени.
Почесто консумирајте храна како кромид, лук, пиперки, спанаќ, брокула, грозје и цитрусно овошје, која е богата со оваа состојка.
Избегнувајте да се бањате со многу жешка вода
Жешката вода може да го влоши проблемот со проширените вени, па избегнувајте ја кога се бањате. Исто така, немојте да минувате многу време во сауна бидејќи има сличен ефект на проширените вени како и жешката вода.
Избегнувајте тесни чевли
Многу тесните чевли само ќе го зголемат притисокот на нозете и ќе ви предизвикаат дополнителни проблеми. Истото важи и за чевлите со многу висока потпетица.
Ако имате проширени вени, избирајте удобни чевли, а ако сакате да носите штикли, одберете модел со пониска потпетица.
Не ја заборавајте хидратацијата
Пиењето многу вода и течности ќе ја подобри циркулацијата на крвта во целото тело, а со тоа и состојбата на вените. Па, осигурете се дека секој ден пиете доволно вода.
Ако сте бремени, спијте на левата страна
Според експертите, главната вена која е одговорна за овој проблем се наоѓа на десната страна, а бременоста може да создаде дополнителен притисок. Поради ова, спиењето на левата страна ќе го намали притисокот врз оваа вена и ќе ги ублажи симптомите на проширените вени. Сепак, за ова најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
Спирова С. | Црнобело