Едноставни вежби за дишење што ќе ви помогнат да се ослободите од стресот

Денес е речиси невозможно целосно да го избегнете стресот, но мора да се потрудите барем да го намалите.

ednostavni-vezhbi-za-dishenje-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-01.jpg

Веројатно досега сте пробале многу трикови и совети за справување со стресот, но понекогаш решението е наједноставната опција. Во овој случај, тоа е дишењето.

Свесното дишење навистина може да ви помогне да се смирите и значително да го намалите влијанието на стресот.

Во продолжение, пак, погледнете пет вежби за дишење што ќе ви помогнат во тоа:

Основна вежба

Седнете во удобна положба или легнете на грб. Опуштете ги рамената и ставете ја едната рака на стомакот, а другата на градите.

Вдишете длабоко преку носот, така што ќе се подигне вашиот стомак, а не вашите гради. Издишете го целиот воздух и повторете петпати.

ednostavni-vezhbi-za-dishenje-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-02.jpg

Техника 4-7-8

Вдишете и издишете го целиот воздух од белите дробови. Потоа, вдишувајте од носот 4 секунди, држете го воздухот 7 секунди, па издишувајте низ устата 8 секунди.

Повторете ја вежбата четирипати.

Наизменично дишење

Поставете ја десната дланка како на фотографијата.

Со палецот затворете ја десната ноздра и вдишете преку левата. Потоа, со палецот затворете ја левата ноздра, и издишете преку десната.

Повторете шестпати, а потоа сменете ја страната – вдишувајте од десната, а издишувајте од левата ноздра.

ednostavni-vezhbi-za-dishenje-shto-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-stresot-03.jpg

Длабоко дишење

Сместете се во удобна положба и затворете ги очите. Вдишувајте длабоко и бавно, фокусирајќи се на воздухот што минува низ вашиот нос.

Издишете бавно и повторете десетпати.

„Огнен“ здив

Седнете на подот или на стол и поставете ги дланките на долниот дел од стомакот.

Вдишете длабоко, а потоа наеднаш издишете го целиот воздух. Издишувањето треба да трае околу една секунда.

Ова „јога“ дишење е малку неприродно, па ако почувствувате каква било непријатност, немојте да ја правите вежбата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg