Знаци дека можеби сте биле заразени со корона вирусот без да знаете
Сте почувствувале екстремен замор
Кога телото се справува со некоја инфекција, троши повеќе енергија. Истото важи и ако организмот се обидува да се справи со корона вирусот - многу пациенти се чувствувале навистина заморно додека го имале вирусот.
Во многу случаи, пак, луѓето не бараат лекарска помош бидејќи немаат други симптоми освен замор.
Необјасниви промени на прстите на нозете и осип
Лекарите забележале дека кај некои пациенти се појавиле израстоци или модринки на стапалата и дланките. Овие промени биле забележани и кај инаку асимптоматски пациенти и феноменот веќе е наречен „ковид прсти“.
Истовремено, кај некои пациенти се појавувал и осип.
Лекарите велат дека ваквите израстоци и осипи можат да се појават и кај други вирусни инфекции, но сепак ова се случувало само кај некои земји, а кај нас не е напоменато дали имало такви случаи.
Сте имале конјунктивитис
Ако неодамна сте имале конјунктивитис, пропратен со другите симптоми, можно е да бил предизвикан од вирусот. Неколку истражувања покажале дека вирусот може да предизвика поблага форма на болеста.
Сте биле дезориентирани
Иако ова е навистина редок симптом, кај некои пациенти биле забележани дезориентација, збунетост и други невролошки симптоми. Според едно истражување, дел од хоспитализираните пациенти во Вухан имале и вакви проблеми.
Некој од семејството или вашиот круг на пријатели бил заразен
Многу од заразените имаат благи симптоми, или воопшто не чувствуваат промена во здравјето. Затоа, ако сте биле во контакт со некој заразен, можно е и вие да сте се заразиле без никакви симптоми.
Важно е да знаете дека само затоа што сте имале некои од симптомите, не значи дека сте биле заразени со вирусот. Немојте сами да поставувате дијагноза, а ако се сомневате дека сте или сте биле заразени, направете тест и следете ги препораките на вашиот лекар.
Фактот дека многу луѓе не покажуваат никакви симптоми ја нагласува важноста од носењето маски и придржувањето до мерките за дистанцирање.
Можеби и вие сте носител на вирусот и вам не ви предизвикал проблеми, но ако не ги почитувате мерките го загрозувате здравјето, па дури и животот на сите околу вас, вклучувајќи ги и вашите најблиски.
Спирова С. | Црнобело