Водич за негување на нервниот систем - Дишете длабоко и практикувајте медитација

Забавете се и бидете мирни. Одвреме-навреме треба да забавите и да паузирате од секојдневните трчаници, особено во ова вонредно време.

vodich-za-neguvanje-na-nervniot-sistem-dishee-dlaboko-i-praktikuvajte-meditacija-01.jpg

Така му давате момент на телото да си ја поврати енергијата и да се сети на природните начини за себе лекување. Вашиот природен резервоар на енергија започнува да се обновува.

Фокусирајте го Вашето внимание на дишењето и на телото. Кога сте во мирување започнувате да забележувате како функционира Вашиот ум. Тој скока од една мисла на друга или се преокупира со една работа или започнува да прави цели конструкции од мисли. Што треба да направите? Едноставно фокусирајте го вашето внимание на дишењето. Тоа не значи да размислувате за дишењето туку да го почувствувате дишењето во вашето тело. Како се подигаат и спуштаат градите додека дишете, чувството на воздухот кој струи низ вашите ноздри. Исто така можете да се фокусирате на сензациите во вашето тело. Каде се допира телото со подот, како го чувствувате воздухот на вашата кожа, итн.

Дишете полека и длабоко. Кога свесно се успорувате и го продлабочувате здивот активно го стимулирате Вагус нервот и со тоа го активирате парасимпатетичкиот нервен систем и имунитетот. Практикувајќи го ова си помагаме за намалување на анксиозноста а со тоа и намалување на стресот од секојдневието.

Треба да бидете свесни дека напнатоста и стресот кој го предизвикува моменталната состојба се главниот причинител на нус појави кои го вознемируваат периферниот нервен систем, како што се болки во половината, трнење на екстремитетите или мускулни болки. Затоа посветете се на вашето здравје и постојано трудете се да правите се што е потребно за да ги спречите ваквите нус појави и да се грижите за вашиот нервен систем. Дополнително од особена важност е да внесуваме што повеќе хранливи состојки, преку храна или преку суплементи од групата на Б витамини, со цел стресот да не ни прерасне во мускулна болка.

vodich-za-neguvanje-na-nervniot-sistem-dishee-dlaboko-i-praktikuvajte-meditacija-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg