Што треба да знаете за ПМ10 честичките – Дали медицинските маски ќе ве заштитат?
Овие честички се всушност мешавина од дим, чад, прашина, киселина и тешки метали…
Ова се 6 работи кои би требало да ги знаете за ПМ10 честичките за соодветно да се заштитите од нив во деновите кога воздухот не е доволно чист:
1. Големина
ПМ10 честичките се помали од 10 миктрометри. За споредба, човечкото влакно е широко 100 микрометри.
И додека крупните честички се задржуваат, на пример во носот, овие честички успеваат да стигнат и до белите дробови.
2. Состав
ПМ10 честичките може да бидат со различен состав, а заедничка им е само големината. Тие се мешавина од дим, чад, прашина и киселини, а може да содржат и тешки метали.
3. Квалитет на воздухот
Кога концентрацијата на овие честички е помеѓу 0 и 20 микрограма по метар кубен, велиме дека квалитетот на воздухот е одличен, а станува добар кога нивната бројка не надминува 40 микрограми.
До 50 микрограми воздухот е прифатлив, а преку тоа веќе станува загаден.
4. Здравствени проблеми
Долга е листата на здравствени проблеми предизвикани од ПМ10 честички. Може да дојде до апсорпција на отровни метали во крвта, до алергиски реакции, бактериски и габични инфекции, респираторни проблеми...
5. Маски
Медицинските маски не се од помош во борбата со ПМ10 честичките. За тоа ви требаат нано-маски, кои за жал се лесно достапни само преку интернет. Добро истражете пред да купите било каква маска и да мислите дека сте „заштитени“.
М. Д. | Црнобело