8 болести кои имаат различно влијание врз мажите и жените
Иако мажите и жените можат да ја имаат истата болест со слични симптоми, неретко болестите имаат различно влијание кај двата пола.
На пример, жените можат да чувствуваат поизразени симптоми, а мажите, пак, да имаат полоши последици од некоја болест.
Во продолжение погледнете ги 8-те болести кои имаат различно влијание кај мажите и жените:
Паѓање на косата
Мажите имаат поголема веројатност да се соочат со паѓање на косата за разлика од жените. Кај речиси сите мажи, паѓањето на косата започнува напред, а понекогаш и на тилот.
Причина за ова е тоа што тестостеронот има поголемо влијание врз косата на мажите. Овој хормон се „претвора“ во друг хормон, кој ја прави косата пократка и потенка.
Мажите можат да ги забележат првите значи на ќелавење уште во 20-тите, додека кај жените косата почнува да паѓа во 50-тите и 60-тите години.
Неретко, паѓањето на косата кај жените не е поради староста, туку поради гените или некој здравствен проблем.
Акни
На жените почесто им се појавуваат акни пред менструација или кога ќе влезат во менопауза. Ова се периоди кога рамнотежата на хормоните во нивните тела е нарушена.
И кај двата пола можат да се појават акни и во детството и кога се возрасни. Обично, кај мажите овие акни траат подолго бидејќи нивното тело лачи повеќе себум, односно маснотии кои предизвикуваат акни.
Мултиплекс склероза
Мултиплекс склерозата е 2 до 3 пати почеста појава кај жените за разлика од мажите. Сепак, многу често болеста е поинтензивна кај мажите.
Примарно прогресивната мултиплекс склероза е фаза од болеста во која нема подобрување на состојбата. Овој вид е почеста појава кај мажите.
Остеопороза
Жените имаат 4 пати поголем ризик да се соочат со остеопороза за разлика од мажите. Причината за ова е тоа што коските на жените се полесни и потенки.
Најчесто ова нарушување се појавува кај жените постари од 50 години.