Зошто младите денес имаат коска плус на задниот дел од главата?
Истражувањата спроведени во Австралија открија дека младите, претежно помеѓу 18 и 30 години, развиваат нов вид на необична коска на задниот дел од главата.
Израстоците на главата, како што велат научниците, се еден вид на „рогови“ кои растат како последица на хроничното навалување на главата нанапред.
Хроничното навалување на главата е како последица на модерната технологија кон која „се лепиме,“ па комплетното држење на телото се изместува.
Вишок коската на задниот дел од главата се наоѓа кај повеќе од 40% од младите луѓе помеѓу 18 и 30 години, а како можни причини се наведуваат и фиксните работни места со долгочасовно седење, честото носење на штикли и тешки чанти, како и исхраната со лош квалитет.
М. Д. | Црнобело