Секојдневни навики за кои лажно сме верувале дека се корисни и правилни

Со текот на годините постојано слушаме некои совети и полека стекнуваме навика да ги применуваме редовно, а некогаш и не знаеме зошто го правиме тоа.

 sekojdnevni-naviki-za-koi-lazhno-sme-veruvale-deka-se-korisni-i-pravilni-01.jpg

Тоа се пренесува од човек на човек и во одреден период од животот, може да сфатиме дека всушност тоа е погрешно.

Па така, лажно сме верувале дека некои навики се корисни, па сме ги избегнувале. 

Погледнете дел од нив:

Чистење уши

Восокот од ушите понекогаш служи и како заштита од бактерии и инсекти, а има природен начин на кој сулфурот излегува од телото.

Со чистењето со помош на чепкалки, се прави негативен ефект и може да настане иритација.

sekojdnevni-naviki-za-koi-lazhno-sme-veruvale-deka-se-korisni-02.jpg

Одбивање на микробранова

Микробрановите не се толку штетни како што мислите. За разлика од рендгенски зраци или солариум, микробрановата не предизвикува таква радијација која може да направи оштетувања.

sekojdnevni-naviki-za-koi-lazhno-sme-veruvale-deka-se-korisni-03.jpg

Пуштање вода со отворен капак

Ако пуштате вода во тоалетната шолја додека капакот е отворен, тогаш најмалите делчиња од водата заедно со бактериите се распрскуваат до висина од 2 метри, што е тотално нехигиенски.

sekojdnevni-naviki-za-koi-lazhno-sme-veruvale-deka-se-korisni-04.jpg

„Бришење“/чешање нос со рака

Кога носот ви тече, сигурно ви создава многу проблеми и непријатни ситуации. Или пак, кога непрекинато ве чеша.

Сигурно посегнувате со раката да го затриете, но прстите имаат многу бактерии што може да создаде само бактерија во носот.

Затоа, обидете се да избегнувате да го допирате носот со раце.

sekojdnevni-naviki-za-koi-lazhno-sme-veruvale-deka-se-korisni-05.jpg

Одбивање на седење со прекрстени нозе

Долго време се веруваше дека седењето со прекрстени нозе може да предизвика проширени вени. Но, неодамнешни истражувања покажале дека оваа поза воопшто не е ризична за тој проблем, иако не треба да седите долго така.

sekojdnevni-naviki-za-koi-lazhno-sme-veruvale-deka-se-korisni-06.jpg

Само работата со компјутер е штетна за очите

Секако дека долгата работа пред компјутер ги заморува очите, но тоа не значи дека треба да избегнувате таква работа, бидејќи и други активности може исто да ги заморат очите.

Доколку работите на компјутер, важно е да ја прилагодите светлината на мониторот, да правите паузи и да трепкате почесто за да не ви се исушат очите.

sekojdnevni-naviki-za-koi-lazhno-sme-veruvale-deka-se-korisni-07.jpg

Воланот треба да се држи во позиција „10 и 2“ на часовник

Ова е едно од првите правила на кои учат инструкторите за возење и се верува дека вака подобро може да се управува и избегне непријатна ситуација.

Сепак, експертите советуваат дека рацете треба да бидат поставени на позиција „9 и 3“ за поудобно да се прават вртења на голема брзина.

sekojdnevni-naviki-za-koi-lazhno-sme-veruvale-deka-se-korisni-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg