Како да го скратите превртувањето во кревет и да заспиете побрзо?
Сигурно некогаш ви се случило да легнете и долго време да се превртувате во кревет бидејќи не можете да заспиете и ве мачат сопствените мисли?
Има луѓе на кои ова им се случува постојано и е навистина непријатно чувство, но не знаат како да си помогнат.
Научниците дошле до решение кое може да ви помогне во тоа и да заспиете без да се мачите со мислите.
Тие спровеле истражување со кое откриле дека ако напишете листа на работи што треба да ги направите, ќе заспиете полесно.
Истражувачите го набљудувале спиењето на 57 машки и женски сутденти, на возраст помеѓу 18 и 30.
Половина од нив морале 5 минути пред спиење да напишат листа на работи кои треба да ги завршат, а до 22.30 часот, светлата се гаселе и немале пристап до технологија.
Тие откриле дека студентите кои ја напишале листата заспале 9 минути порано од оние кои легнале без да запишат ништо.
Исто така заклучиле и дека студентите кои напишале многу детална листа на обврски и задачи кои ги имаат во наредниот период, заспале 15 минути побрзо од оние кои напишале генеричка листа.
Причината е едноставна – кога ќе ги запишете сите обврски и задачи кои ги имате, ви се намалува стресот и стравот за иднината, дека ќе заборавите нешто и ви помага да го намалите непријатно чувство дека работата ќе остане незавршена.
Без таква листа, мозокот константно се мачи и размислува на тоа, па тоа го прави потежок процесот на заспивање.
Па, кога ќе почувствувате дека не можете да заспиете и се борите со мислите, константно размислувајќи на работата или сите обврски кои ги имате, следниот пат направете си и вие листа, па проверете дали потоа мирно ќе заспиете.
М. М. | Црнобело