Имуни на болка и студ: 5 чудни заболувања кои повеќе наликуваат на супермоќи

Болестите, сосема нормално, ги поврзуваме со нешто лошо, непријатно и опасно.

imuni-na-bolka-i-stud-5-zaboluvanja-koi-povekje-nalikuvaat-na-super-mokji-01.jpg

Но, постојат и такви заболувања, кои на прво слушање, попрво би ги поврзале со супермоќ отколку со здравствена состојба.

Сепак, колку и да звучат необично и моќно, и тие имаат свои недостатоци.

Погледнете кои се најчудните и ретки заболувања кои ги измачуваат научниците, а прават луѓето да наликуваат на суперхерои:

Супер меморија

Постои заболување кое всушност е нарушување на меморијата, заради што човекот помни секакви настани од животот до најмал детаљ. Со оваа дијагноза има околу 60 луѓе во светот и пациентите можат да раскажат работи за животот уште од најмала возраст.

Тие не забораваат ништо и не можат да ги избришат непријатните сеќавања од глава како што нас понекогаш тоа ни избледува.

Исто така оние кои патат од ова заболување имаат главоболки и инсомнија, а често се и уморни, па за тоа многумина не го сметаат ова за „дар“.

imuni-na-bolka-i-stud-5-zaboluvanja-koi-povekje-nalikuvaat-na-super-mokji-02.jpg

Имуни на болка

Вродената аналгезија е синдром кој прави човекот да не чувствува никаква болка. Изненадувачки факт е што и покрај реткоста на оваа болест, сепак има околу 40 случаи само во едно село во Шведска.

На прв поглед, и ова изгледа на супер моќ, бидејќи никој не сака да чувствува болка, но ова е опасно бидејќи пациентот може да не забележи други заболувања кои се манифестираат преку болка.

Посебно е опасно кај децата кои може да се повредат додека си играат, да го гризнат јазикот или пак, да не забележат скршеница на коска заради нечувствувањето болка и симптоми.

imuni-na-bolka-i-stud-5-zaboluvanja-koi-povekje-nalikuvaat-na-super-mokji-03.jpg

Способност и надареност за сè

Савантизам е синдром и ретка состојба која се појавува кај луѓето со нарушувања во развојот како што на пример е аутизмот. Луѓето со савантизам се екстремно талентирани за музика, цртање, компјутери и создавање 3D модели. 

Тие веднаш можат напамет да пресметаат резултат на операција множење со трицифрени броеви или да кажат кој ден ќе биде некој датум за 50 години.

Стивен Вилтшир е пример за генијалец со ова заболување кој е познат по тоа што може да нацрта детална мапа на град со само едно летање над него.

Овие луѓе се нарекуваат генијалци бидејќи поседуваат уникатни таленти во многу области, но сепак, и покрај генијалноста, тие покажуваат знаци на ментални нарушувања.

imuni-na-bolka-i-stud-5-zaboluvanja-koi-povekje-nalikuvaat-na-super-mokji-04.jpg

Имуни на студ

Како луѓето кои не чувствуваат болка, така постојат и луѓе кои не чувствуваат студ. На пример, Вим Хоф, ги изненадил докторите со неговата способност за толеранција на екстремно ниски температури облечен само во шорцови.

Експертите велат дека ова е уникатен феномен, иако самиот тој верува дека оваа моќ тој ја има благодарение на неговиот напорен тренинг и правилни техники на дишење и медитација.

imuni-na-bolka-i-stud-5-zaboluvanja-koi-povekje-nalikuvaat-na-super-mokji-05.jpg

Целосно отсуство на страв

Ова е ретко заболување кое води до целосно губење на стравот, а има околу 300 такви случаи, од кои 300 се во Јужна Африка.

Најпознатиот пациент е Американката С.М. Која не знае што е тоа страв. Истражувачите се обиделе да ја исплашат на секаков начин – со отровни пајаци, змии, хорор филмови и со заклучување во опседната куќа и сите обиди биле неуспешни.

Сепак, колку и да звучи добро да немате страв, лошото е тоа што овие луѓе го губат чувството за опасност и не можат да проценат ризични ситуации.

imuni-na-bolka-i-stud-5-zaboluvanja-koi-povekje-nalikuvaat-na-super-mokji-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Анална фисура - што ја предизвикува и како се лечи оваа непријатна состојба? За отстранување на фисурата потребна е операција, но постојат начини со кои може...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg